Целосно е прочитана деструктивната и некрофилска политика на СДСМ и Сорос

Целосно е прочитана деструктивната и некрофилска политика на СДСМ/Сорос. СДСМ продолжува со очајните најдолни обиди да ја политизира огромната природна катастрофа и да се прибираат поени на сметка на оштетените граѓани кои се соочија со огромни загуби. Тоа граѓаните добро го препознаваат и затоа некрофилската и деструктивна политика на СДСМ секојдневно доживува порази и осуда од граѓаните.СДСМ клеветеше дека институциите не функционирале и дека војската и полицијата ги преспале првите денови од поплавата. Ова е огромна срамна навреда кон сите професионалци, полициски службеници или војници кои деноноќно  работат во кризниот регионот. Република Македонија, институциите и волонтерите кои секојдневно на терен се ангажираат за помагање на погодените, максимално се вложуваат во справувањето со последиците од поплавите.
Со ваквите очајни потези на СДСМ уште еднаш се потврдува фактот дека СДСМ/Сорос нема капацитет конструктивно да работи во интерес на граѓаните. За нив се е гола политика и борба за власт, вклучувајќи и ваква трагедија од која е потресена целата држава.
СДСМ продолжува да бара оставка од најуспешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, бидејќи СДСМ не сака кога во Скопје се подобруваат условите за живот. Градоначалникот Коце Трајановски веќе 2 мандати одговорно и посветено работи за Скопје и тоа е oчигледен проблем за СДСМ.
СДСМ го сака Скопје како што го менаџираа тие, продавајќи ги Градските аптеки, градските гробишта, ПУИК со 10.000 станови, скопските пазари, Топлификација и Градскиот трговски центар сите некогашна сопственост на скопјани од кои Градот Скопје требаше да остварува приход. Доколку СДСМ не го направеше тоа, Скопје денес ќе беше многу поразвиен град. Скопје немаше да биде украден град, туку град со многу поголем процент на изградена атмосферска и фекална мрежа, широки булевари и уредени паркови.
СДСМ не сака во Скопје да ги има пробиените и проширени улици и булевари, изградените кружни текови, натпатниците, изградените водоводни, фекални и атмосферски мрежи. СДСМ не сака во Скопје да ги има обновените згради на средните училишта и на културните институции, новоподигнатото зеленило, уредените зони за престој во природа, сите дела на Градоначалникот Коце Трајановски. СДСМ сака Скопје да го гледа во состојба во каква што го остави. Граѓаните паметат какво било Скопје, а какво е денес. Затоа и му ја даваат довербата на Градоначалникот Трајановски.
СДСМ лаже дека во Скопје не биле приоритет канализациските мрежи за Црешево, Смилковци, Виниче и Љуботен. СДСМ треба да ги праша своите советници во Советот на Град Скопје, дали Градот Скопје не одвои средства со меѓуопштинска соработка за изградба на фекална мрежа за овие населени места, пред да истура куп невистини и измислици во рамките на нивната црна кампања против Градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот Коце Трајановски со многу труд и грижа работи за доброто на жителите на Скопје. Тоа е нешто што СДСМ никогаш не го направи и е непознато за функционерите на оваа партија. Затоа СДСМ и на наредните локални избори нема да добие шанса од граѓаните ниту да се доближи до позицијата Градоначалник на Град Скопје.
Прв приоритет на ВМРО-ДПМНЕ останува надминувањето на последиците од катастрофалното невреме и помошта на погоденото население. СДСМ слободно може да продолжи да тоне во деструкцијата. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи целосно да се посветува на помошта на терен која им е најнеопходна на нашите сограѓани. Деструкцијата на СДСМ нема да не поколеба секојдневно да бидеме со најпогодените, да им помагаме, да ги слушаме нивните проблеми и да бараме решенија за нивно надминување.
Нема граѓанин кој не е гневен на деструкцијата која што СДСМ постојано ја демонстрира и раководството на партијата најдобриот одговор за сопствената политика ќе го добие на претстојните избори.
 СДСМ клеветеше дека институциите не функционирале и дека војската и полицијата ги преспале првите денови од поплавата. Ова е огромна срам

Пронајдете не на следниве мрежи: