Централниот регистар договори соработка со норвешкиот Регистарски центар

Централниот регистар на Република Македонија ќе соработува со норвешкиот регистарски центар „Бренесунд“ при воспоставувањето систем за параметри и алатки за спроведување кост бенефит анализи во процесите на проценка на влијанието на регулативата. Соработката ја договорија претставници од Централниот регистар на РМ предводена од директорот Андреа Поповски во норвешкиот регистрациски центар.Од Централниот регистар на РМ соопштуваат дека проектот, финансиран од страна на норвешката Влада, опфаќа надградба на постоечкиот регистар на годишни сметки во Централниот регистар, кој има огромен потенцијал за анализи на економските случувања и трендови, вклучително и влијанието на различни законски решенија, преку анализа на податоците од годишните сметки на фирмите. Додаваат дека со овој систем би се овозможило идентификување на вистинското влијание на предложените законски решенија на реалната економија, што би укажало и на евентуална потреба од модифицирање на прописите или пак воспоставување механизми за поддршка за засегнатите страни.
Двете страни размениле искуства и во однос на регистрацијата на фирми и водењето на трговскиот регистар и се заложиле за продолжување на досегашната успешна соработка, што резултира со унапредување на процесите во регистрите и подобрување на услугите за граѓаните.Од Централниот регистар на РМ соопштуваат дека проектот, финансиран од страна на норвешката Влада, опфаќа надградба на постоечкиот регистар на годи

Пронајдете не на следниве мрежи: