Цепи дрва, чисти снег, чека во ред за лекови…

Јосип Томакич од Славонски брод започнал услужна дејност под име „Јосип“ преку која ги извршува сите овие, а и многу други задачи по пристапни цени.
Морате да ги исцепите дрвата за греење, да ја искосите тревата, да го исчистите подрумот и снегот пред куќата, а немате време и не сакате физичка работа? Морате да одите по лекови или докторски наоди, да ги платите сметките, да купите леб, но не сакате да губите време на пробивање низ гужвата и чекање ред? Нема проблем, јавете се кај Јосип Томакич и проблемот е решен! 
Всушност, овој 27-годишен бродски чувар започнал дејност за обезбедување услуги наречена “Јосип” со којшто ги извршува сите овие, а и многу други задачи по пристапни цени.
– Прелистувајќи на интернет, дојдов до идеја дека би можел да го дополнам домашниот буџет со дополнителна работа. Во изминатиот месец и половина имав двесетина нарачки и задоволен сум. Некои корисници се претплатија однапред за пролетно косење трева, а на некои веќе им го исчистив снегот и им ги платив сметките – вели Јосип. Сите овие задачи Јосип и претходно ги извршувал за своите роднини и пријатели, но бесплатно. Тогаш се сетил дека може да го наплати потрошеното гориво и време. Неговата сопруга е невработена, а има и две мали деца кои треба да ги нахрани и облече. Не може да одговори на сите побарувања, па морал да ја одбие муштериката која барала да ѝ ги вози децата до училиште затоа што се плаши да биде одговорен за дете, а и не е такси возач. Неговиот ценовник е флексибилен…
За да го прочитате текстот во целост, кликнете тукаЈосип Томакич од Славонски брод започнал услужна дејност под име „Јосип“ преку која ги извршува сите ови

Пронајдете не на следниве мрежи: