Червар бара поддршка од навивачите

Стратегот на Металург, Лино Червар, во пресрет на мечот од Лигата на шампионите против Брест Мешков, посебно им се обрати на навивачите на Металург, кои ги повика да дојдат и да го бодрат клубот на решавачката средба.- Ја користам оваа можност да ја повикам публиката да дојде во салата и да ни даде поддршка на овој натпревар, кој е од големо значење за нас. Бодрени од верната публика, ние ќе сториме се за да стигнеме до победата“, повика Червар на прес-конференцијата одржана во петокот.
Филип Миркуловски беше задоволен од поддршката и од атмосферата на средбата со Натурхаус ла Риоха и се надева дека така ќе биде и за време на натпреварот со Брест Мешков.
„На мечот со Ла Риоха имаше добра атмосфера, се надевам дека истото ќе се случи и в сабота, за на крајот заедно да и се радуваме на победата“, вели Миркуловски.
Претходно, ракометарите на Металург истакнаа дека и оваа средба ќе ја посветат на своите навивачи и дека се надеваат дека повторно ќе ги израдуваат своите фанови.
Средбата Металург – Брест Мешков се игра утре во СЦ Борис Трајковски, со почеток во 19 часот.- Ја користам оваа можност да ја повикам публиката да дојде во салата и да ни даде поддршка на овој натпревар, кој е од големо значење за нас. Бодр

Пронајдете не на следниве мрежи: