Честитка од Груевски по повод празникот Курбан Бајрам

Честитка од име на г-дин Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот Курбан Бајрам.Почитуван Поглавар на Исламската заедница во Република Македонија Господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи,
Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од моето лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам.
Македонија е земја во која различностите на вери и култури се нашето најголемо богатство. Со векови сме развивале соживот и толеранција, и тоа е наш аманет кој треба да го оставиме за сите идни генерации да продолжат да го негуваат. Тоа се нашите основни вредности и наша традиција, односно нашиот несомнено огромен придонес кон глобалното општество кое заеднички го градиме и во кое сите живееме.
Почитта кон другиот води кон разбирање на неговите чувства и традиции. Ова е клучот на нашата заедничка мисија, во градењето просперитет и благосостојба за сите граѓани на нашата Република Македонија.
Духот на солидарноста кој е симбол на овој празник нека ги води сите верници и оваа година и нека биде поттик кон добри дела како кон блиските, така и кон соседите, непознатите, посиромашните и болните. Духовните вредности кои секоја вера ги има се столбот кон градењето на еден подобар свет, бидејќи тие се и универзални вредности.
Нека празничните мигови, Вие, нашите сограѓани муслимани ги поминете во хармонија, добра мисла и споделување со луѓето кои ве опкружуваат. Добрите дела не познаваат разлики, туку се израз на сплотеност и заедништво.
Нека Ви е честит Курбан Бајрам!
Со почит,
Никола ГРУЕВСКИ
Претседател на ВМРО-ДПМНЕПочитуван Поглавар на Исламската заедница во Република Македонија Господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи,

Пронајдете не на следниве мрежи: