Честојнова: Платите се намалуваат втор месец по ред поради катастрофалните економски политики на владата

Поради катастрофалните економски политики на владата на Заев веќе втор месец по ред се намалуваат платите на граѓаните.  Штетните економски политики на СДС и Заев ги намалија платите на граѓаните за 412 денари, вели Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ.– Зоран Заев пред да дојде на власт ветуваше подобар животен стандард и плата од 500 евра. Но реалноста е поинаква. Граѓаните се излажани. Oд три ипол месеци владеење на СДС, два месеци по ред граѓаните веќе имаат намалување на просечната бруто и нето плата, вели таа.
Честојнова додава дека просечната бруто плата во јули изнесувала 33.228 денари и е помала за 281 денари во однос на јуни годинава. Додека во однос на мај за 412 денари.
-Додека просечната нето плата, во јули изнесувала 22.671, денари, и е за 0.6% или 137 денари помала од просечната нето плата во јуни односно 218 денари помала од нето платата во мај. Ваквите бројки се резултат на неспособното владеење на СДС и Заев. Граѓаните на своја кожа секојдневно ги чувствуваат катастрофалните економски политики што ги води владата на СДС. Во самиот старт на владеењето на СДС имаме намалување на индустриското производство за 12%. Се бележи пад на прометот во индустријата за 0.7%, дополнително растат цените на производите и трошоците за живот. Нема нови странски инвестиции, а старите веќе  најавуваат дека ќе ја напуштаат државата, со што нема ниту нови работни места. Се стагнира и се е блокирано. Затоа паѓаат платите, нагласува таа.
Честојнова истакнува дека граѓаните ова може, и ќе го спречат на 15-ти октомври кога ќе ја казнат неспособната и неодговорна влада на СДС и Заев.– Зоран Заев пред да дојде на власт ветуваше подобар животен стандард и плата од 500 евра. Но реалноста е поинаква. Граѓаните се излажани. Oд

Пронајдете не на следниве мрежи: