Четири најпознати средби со вонземјани

Во средата беше одбележан ден  на НЛО. Од 2001година овој необичен празник, во многу жители во светот ги будеше „Молдер и Скала“, давајќи им причина повеќе да брзааат во ноќното небо.Доколку верувате дека навистина постојат „малите зелени“, треба да знаете  да наброите барем неколку чуени „средби“ со НЛО.
Ви ги претставуваме најпознатите.
Стариот Рим – 214 година пред новата ера
Звучи неверојатно, но римскиот историчар Тит Ливије пишувал за фантомски бродови „кои светат на небото “ над градот.

Тунгуска, Русија – 1908
Голема експолозија на 30 јуни 1908 на реката Тунгуска во Сибир била толку силна што срамнила до земја големо пространство шума. Меѓутоа, бидејќи никој не сведочел за овва случка, се јавиле бројни шпекулации дека се работи за пад на летечка чинија, или експлозија на некој друг НЛО.

Розвел, Ново Мексико- 1947.
Сигурно сте слушнале за овој случај. Во почетокот на летото неидентификувано летечко тело паднало во пустина во близина на Розвел.
Војската на САД тврдела дека се работи за остатоци од експлодиран балон, но јавноста била убедена во нешто друго.
 Преголемата  таинственост довела до тоа многумина да веруваат во теорија на завера и дека паднатото тело  е вонземско летало.

Вашингтон – 1952
Нешто по полноќ на 19 јули 1952. Контролата за воздушен сообраќај на националниот аеродром (денес „Роналд Реган“) во Вашингтон, забележала чудни светла на радарот.
Објектите се наоѓале 20 километри југозападно од градот, иако за таа вечер не биле закажани летови.
Еден контролор запишал „Веднаш знаевме дека дека се работи за необична ситуација… нивните движења беа сосема поинакви во однос на оние кои ги прави обично летало“.
 Во текот на наредните две недели, наводно биле забележани портокалови светла над Белата куќа, а средбите со нив биле толку зачестени, па  дури и  тогашниот претседател Хери Труман барал објасненија од  Војното воздуопловство. Доколку верувате дека навистина постојат „малите зелени“, треба да знаете  да наброите барем неколку чуени „средби“ со

Пронајдете не на следниве мрежи: