Несреќниот случај се одвиваше во Канзас, кога детето ја отворило фиоката во која се наоѓал пиштолот. Оружјето не го земало од фиоката, туку само го повлекло чкрапалото и го погодило помалиот брат во градите.Тимарион Блекнел (1), почина од ранување со огнено оружје, кога во него случајно пукал неговиот постар брат (4), соопшти полицијата во Канзас.
Две момчиња и едно тригодишно девојче сами си играле во собата од својата куќа, додека во другата соба се наоѓале нивниот татко и чичко. Постариот брат во еден момент ја отворил фиоката во која се наоѓал пиштолот.
Детенцето не го подигнало оружјето од фиоката, но го повлекло чкрапалото и го погодило во градите својот помлад брат кој што стоел во близина. Таткото и чичкото веднаш го одведоа детето на доктор.
Меѓутоа, докторите не можеле ништо да направат, а несреќното детенце починало по 45 минути.
Полицијата соопшти дека постои можност да се покрене тужба против таткото на децата.
-Не постои ниеден закон за тоа каде треба да се чува оружјето, но затоа постоти здрав разум, изјави поручникот на полицијата.Тимарион Блекнел (1), почина од ранување со огнено оружје, кога во него случајно пукал неговиот постар брат (4), соопшти полицијата во Канзас.