Претседателот на поранешната Југославија, Јосип Броз Тито, немал југословенско потекло, стои во документ за фонетска анализа на јазик кој неодамна е објавен на сајтот на американската Централа за известување.Во документот, на кој неодамна е отстранета ознаката за тајност, се констатира дека Тито говорел српскохрватски, кој наводно му бил мајчин јазик, но со „странски акцент“.
Во опширната анализа за евентуални јазици кои на Тито навистина би можеле да му бидат мајчини, или пак поблиски од српскохрватскиот, се и рускиот и полскиот јазик.
„Самогласката ‘и’ исто се изговара по меки и тврди согласки во српскохрватскиот јазик. Од другата страна, оние луѓе чии мајчин јазик се рускиот и полскиот, веројатно и двата јазика би ги говореле со меко ‘н’“.
Тоа е всушност говорот на Тито од српскохрватскиот јазик и тој најдобро го опишува како странски акцент, се наведува во анализата.
Авторите на документот велат дека би било логично да се претпостави дека контроверзниот Тито бил Русин или Полјак, но нагласуваат дека неговиот идентитет може само да се погодува, како и дека сигурно нема југословенско потекло.
Тие констатираат дека токму Тито и неговото нејугословенско потекло, можат да ја објаснат неговата непристрасност и доследност на неговите успеси при разрешувањето на проблемите и конфликтите од етничките групи во Југославија.
Авторите на анализата која е направена на основа на еден говор на Тито од 1977 година, заклучуваат дека било какво понатамошно истражување на реалниот и вистинскиот идентитет на Тито, би послужил само за академски работи.
Во документот, на кој неодамна е отстранета ознаката за тајност, се констатира дека Тито говорел српскохрватски, кој наводно му бил мајчин јазик, н