Чизкејк од САМО 3 СОСТОЈКИ по кој полуде целиот свет!

Сакате лесен десерт кој лесно се подготвува, а уште полесно се јаде? Подгответе си го јапонскиот чизкејк од само 3 состојки…Целиот свет полуде по вкусниот јапонски чизкејк, кој се подготвува за 1 час од состојки кои сигурно ги имате во вашата кујна.
Потребни состојки:
3 јајца
120g бела чоколада
120g крем сирење
Начин на подготовка:
Најпрво одвојте ги жолчките од белките. Потоа белките ставете ги во ладилник и загрејте ја рерната на 170 степени. Белата чоколада искршете ја на ситни парчиња и истопете ја во едно тенџерче. Откако ќе се излади, помешајте ја со крем сирењето, а потоа додајте ги жолчките и добро промешајте. Извадете ги белките од ладилникот и добро изматете ги.
Со помош на пластична лажица измешајте ја смесата на белките и смесата со крем сирењето и чоколадото така што да добиете еднаква смеса.
Добиената смеса истурете ја директно во тепсија, која претходно ќе ја подмачкате за да не се залепи смесата. Печете 15 минути на 170 степени, а потоа уште 15 на малку пониска температура околу 150 степени.
Изгаснете ја рерната и оставете го колачот да постои уште 15 минути.
Извадете го, оставете го целосно да се излади, а потоа украсете со шеќер во прав.Целиот свет полуде по вкусниот јапонски чизкејк, кој се подготвува за 1 час од состојки кои сигурно ги имате во вашата кујна.
Потре

Пронајдете не на следниве мрежи: