Членовите на ИК на ВМРО – ДПМНЕ постојано меѓу граѓаните

Во рамки на проектот „За сите деца”, членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Нермин Теловска ги посети Основното Училиште св. Кирил и Методиј село Канатларци- Општина Прилеп како и Универзитетската Библиотека Св. Климент Охридски во Битола каде на децата од турска националност им беше доделена сликовницата Ѕвони ѕвон за бонтон на турски јазик.-Сликовницата за децата представува прозорец кон светот, можност за многу нови знаења, развој на љубов кон книгата и квалитетно поминато време на родителите со своите деца. Сликовницата е на турски јазик, затоа што се грижиме за сите деца, деца од различна етничка припадност.Се надеваме дека ќе биде преведена на сите јазици кои се во употреба во Република Македонија, истакна Теловска.

Настанот во селото Канатларци се одржа и во присуство на градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески додека пак на настанот во Битола присуствуваше и Македонско турското здружение ”Мустафа Кемал Ататурк” – Битола.
 
Во продолжение на проектот Теловска и нејзините соработници ќе ги посетат населените места со претежно турско население во општините Ресен, Штип,Радовиш, Охрид и Струга.
Воедно, таа денес беше и во посета општина Демир Хисар каде во разговор со граѓаните сподели мислења со нив за актуелната состојба во Република Македонија, ги сослуша нивните молби и потреби заради изнаоѓање на соодветно решение.

Самите граѓани во оваа општина се свесни за насилно предизвиканата криза која е предизвикана со цел да се внесе раздор помеѓу народот.  Според нив  изборите на 5-ти јуни се единствен излез од политичката криза и затоа со нетрпение ги очекуваат истите.-Сликовницата за децата представува прозорец кон светот, можност за многу нови знаења, развој на љубов кон книгата и квалитетно поминато време на р

Пронајдете не на следниве мрежи: