ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ кој лесно се подготвува, не е скап, а со својот вкус ЗАВЕДУВА!

Лесно се подготвува не е скап, а вкусот е феноменален!Состојки:
Бисквит
6 јајца
9 лажици шеќер
9 лажици брашно (или 8 лажици брашно + 1 какао)
1 пециво
1 ванилин шеќер
Додаток
150 гр чоколадо за готвење
250 гр маргарин
200 гр вишни од компот
1 дл рум (или помалку – по желба)
3 големи лажици мармалад од вишни или кајсии
Глазура:
100 гр маргарин
200 гр чоколадо за готвење
Подготовка:

 
1. Испечете го бисквитот, изладете и искршете во голем сад.
2. Во рерна или микробранова стопете го чоколадото и маргаринот, малку изладете и додадете го т.е прелијте преку искршениот бисквит. Додадете ги уште вишните, рум и мармалад од вишни.
3. Сите состојки добро измешајте ги – изгмечете со рака за да добиете компактна смеса (како кал)
4. Ставете парче фолија – и на фолијата обликувајте ја смесата во ролат и замотајте со фолијата. Оставете го ова преку ноќ во фрижидер. Другииот ден одмотајте – тргнете ја фолијата и прелијте со глазурата од чоколадо.
Ќе испаднат две ролати одприлика 5 см широки и 25 см долги.
Од оваа смеса можете да правите и топчиња.Состојки:
Бисквит
6 јајца
9 лажици шеќер
9 лажици брашно (или 8 лажици брашно + 1 какао)
1

Пронајдете не на следниве мрежи: