Чоколадна торта без брашно

Оваа супер брза и едноставна чоколадна торта можете да ја користите како подлога за фил или едноставно да ја послужите со шлаг или омилениот сладолед.Крцкавата кора под себе крие чоколадно совршенство на кое нема да можете да одолеете, но притоа внимавајте да не ја препечете тортата, со цел да не ја пресушите. 
Потребни состојки:
• 170 гр. темно чоколадо
• 95 гр. путер (на собна температура)
• 6 јајца
• 100 гр. шеќер
• 100 гр. кафеав шеќер
• прстофат сол
• една лажичка екстракт од ванила
Припрема:
1. Загрејте ја рерната на 180 °C и припремете калап со дијаметар од 22 центиметри, кој ќе го обложите со хартија за печење.
2. Растопете го темното чоколадо и путерот на пареа.
3. Во сад, измиксирајте ги белките сè додека не добиете цврста пена. Потоа, додадете половина од шеќерот и мешајте уште неколку минути.
4. Во друг сад, измешајте ги жолчките со преостанатиот шеќер, додадете сол, екстракт од ванила и стопената чоколада. Добро миксирајте сè додека состојките не се соединат.
5. На смесата, додавајте ги белките со рачно мешање.
6. Истурете ја смесата во калапот и печете околу 40 минути.
7. Смесата во текот на печењето ќе се надигне, но откако ќе се излади, таа ќе спласне.
8. Послужете со шлаг, топка сладолед или свежо овошје по желба.
Пријатен апетит!Крцкавата кора под себе крие чоколадно совршенство на кое нема да можете да одолеете, но притоа внимавајте да не ја препечете тортата, со цел да не

Пронајдете не на следниве мрежи: