четврток, 26 ноември 2026
Најново

Чолаковски до ЛДП: Престанете да изигрувате сателит партија за напади режирани од безидејноста на СДСМ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Прес конференција на Советникот во советот на општина Битола од партијата на Власи и претставник на Коалицијата за Подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Леонида Чолаковски, како реакција на пресот на ЛДП.На јавноста ѝ е доста од Вашите фабрикувани беспредметни напади и лажно душегрижништво. Дали сметате дека со неосновани фабрикувани пресови ќе ја вратите довербата на граѓаните?
Онаа доверба што ја изгубивте кога во Битола беа затворени и ограбени скоро сите најголеми фабрики и кога преку политикте што ги поддржувате Битола беше завиена во црно. Тогаш транспарентноста не ја познававте. Повторно ќе истакнеме дека целокупниот имот, вклучително и просториите на седиштето на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола е стекнат по легален пат, во согласност со законските нормативи, по пат на членарина и донации во еден крајно транспарентен процес.
Вашите ментори наместо да Ве користат за дневно политички напади треба да одговорат за нивниот имот и сите имотни прашања во кои се вклучени милионски суми на пари. Дали упорното актуелизирање на непостоечко прашање за работниот простор на ВМРО- ДПМНЕ е обид да се прикрие имотот на СДСМ, партијата за која и денес работите?
Почитувани либерал демократи, уште еднаш Ве повикуваме доколку сте загрижени за доброто на битолчани најдобро би било да ги прашате вашите ментори СДСМ со колкав и каков имот располагаат. Колкав е всушност огромниот имот што го наследија од поранешниот Сојуз на комунисти на Македонија кој го користат до ден денес а истиот е граден од парите на граѓаните.
Вредноста на недвижниот имот со кој располага вашиот коалициски партнер СДСМ чини најмалку ‎5 000 000 евра. Овие пари не се ниту од чланарини, ниту од донации. Овие пари се на сите граѓани на Република Македонија. За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ ги гради своите ресурси од почеток заедно со своите членови и симпатизери, а нив ги има многу.
– Уште еднаш ќе Ве повикаме да се фатите за работа и за програма која можеби ако им ја понудите на граѓаните ќе си ја вратите довербата, и да престанете да изигрувате сателит партија за дневни напади режирани од безидејноста на СДСМ, изјави Леонида Чолаковски од Партијата на Власите, претставник на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ – За подобра Македонија.На јавноста ѝ е доста од Вашите фабрикувани беспредметни напади и лажно душегрижништво. Дали сметате дека со неосновани фабрикувани пресови ќе ја в

Поврзани вести