Човек направил НАЈЛОШ можен избор на куќа. Ова е неговата приказна!

Мики Ровлингс избрал да живее во морничава куќа додека снимал документарен филм за паранормални нешта.Овој имот се вика „Кафез“ и се наоѓа во Есекс.
Се вели дека оваа куќа е дом на полтергајст којшто е одговорен за напади, гребење, па дури и удирање на неколку станари.
Додека Мики е величан поради својата храброст, тој призна дека се плашел од окружувањето.
Тој го тврди следново:
„Видов книги како летаат од полици во горниот ходник, гледав врата како сама се отвора и видов силуета на човек со сопствените очи. Јас не сум религиозен човек, но сепак држам крст и го стегам во раката кога ќе одам на спиење поради сопствена безбедност. По неколку дена, научив кои се природните звуци на куќата. Сега неприродните звуци ме будат среде ноќ“.
Замислете да живеете во таква куќа која е празна и да нема никој освен вас, но има и многу луѓе околу вас коишто вие не можете да ги видите.
Имено, тој слушнал деца како си играат, мажи како `ржат и она што е најчудно, клавир како свири во ноќта и го опишал како интензивен звук.
Исто така, тој бил загрижен таканаречените духови да не го убијат. Тој го ризикувал животот поради еден документарец.
„Кафез“ стана најпознат во 2012 година откако неговата сопственичка Ванеса Мичел (40), тврдела дека била натерана да го напушти имотот откако забележала црна сенка како стои над нејзиниот син Џес.
Куќата има навистина страшна и проколната приказна. Таа порано била затвор за 13 жени кои биле обвинети за вештерство и таму биле оковани до бесењето.
Одмаздничкиот дух на една од вештерките, Урсула Кемп, сѐ уште според верувањата се наоѓа во куќата.Овој имот се вика „Кафез“ и се наоѓа во Есекс.

Пронајдете не на следниве мрежи: