Роман Толиќ, експерт на ОН, припрема филм „Return of Tesla“ за човекот со потекло од Белград кој тврди дека е реинкарнација на Никола Тесла и на кого ова име го пишува во сите официјални документи.
По враќањето од „Отпишаните“ , се враќа Никола Тесла, меѓутоа овој пат не како игран, туку како документарен филм. „Враќањето на Тесла“ – е вистинска приказна за сретнувањето на режисерот Роман Толиќ и човекот кој за себе тврди дека е реинкарнација на Никола Тесла (46).
Толиќ направил ексклузивно интервју со реинкарнираниот Тесла и во него детално зборува за својата реинкарнација, минатото и иднината и дал објаснувања во врска со суштинските прашања кои го движат човештвото. Спомнатото интервју е дел од филмот, за кој сега режисерот бара финансиска помош за да се реализира до крај.
Роман Толиќ кој е носител на бројни меѓународни признанија, како и експерт во Обединетите нации, до сега оваа иновација и целата продукција ја финансирал од сопствен џеб.
Режисерот наведува дека би бил среќен доколку оние луѓе кои се во можност да дадат барем 1 долар за продукцијата и неговиот главен протагонист останат потполно независни.
– Тесла секогаш зависел од моќните поединци и финансиери. Денес, благодарение на него имаме струја, медии, мобилни телефони, интернет, и сите сме во мрежа. Кампањата за микрофинансирање започнала во сабота 25 мај, во 12:00 часот, преку интернет. Најавната шпица за филмот е направена во холивудски стил и многу ветува.
Поднаслов на филмот е „Бесконечност и Вечност“ – бидејќи Тесла во филмот изјавува:
„Бесконечност во просторот и вечност во времето. Нема граница ниту во просторот ниту пак во времето.“Роман Толиќ, експерт на ОН, припрема филм „Return of Tesla“ за човекот со потекло од Белград кој тврди дек