„Моето име е Роналд Дејвис и јас сум човечко суштество“ – изговори еден човек пред камерата. Тоа и не би морало да го нагласува да не беше бездомник и да не доживееше непријатна случка која го трогна светот.„Живеам на улица околу година ипол дена. Живеев во предградието и таму ми беше тешко да се снајдам. Не живеев – преживував, посебно во зима кога е најтешко. Пробав да најдам работа, но не делував угледно и ме одбиваа. Како да им го оставам бројот на телефонот кога немам ниту телефон? Од ден, на ден седам со чашката во која ми фрлаат пари. Луѓето понекогаш ми даваат сендвич. Денот ми почнува во шест часот наутро, бидејќи тогаш чуварите ме бркаат од клупата од паркот на која лежам. Сепак, јас ги сакам луѓето и ги ценам. Ги почитувам. Тие понекогаш ми даваат малку храна и облека за да преживеам. Понекогаш и ме нарекуваат дека сум пропалица додека молам за пари и ме понижуваат. Немам каде да одам. Еднаш, еден тип поминуваше покрај мене и ме плукна. Толку ме навредуваше, што само го погледнав во очи и му реков: `Господ нека ве благослови господинe`. Одеше уште малку по улицата и се врати назад.“
„Извини пријателе. Имав лош ден. Не ги мислев тие работи за тебе. Дали би го прифатил моето извинување? – Да, му реков. Дури и ми даде пари со кои подоцна изнајмив соба за да преспијам на топло. Никој нема право да ме нарекува пропалитет само затоа што немав среќа во животот. Нема право, бидејќи јас не сум тоа. Никогаш не бев. Јас сум личност“, рече Дејвис.
„Живеам на улица околу година ипол дена. Живеев во предградието и таму ми беше тешко да се снајдам. Не живеев – преживував, посебно во



