Човек умрел во воз, никој не го забележал неколку часа

Дури неколку часа никој ни од патниците, ни од службениците, не забележал дека средовечен човек умрел за време на возењето со воз низ Мексико Сити.Несреќниот човек, чиј идентитет не е познат, најверојатно доживеал срцев удар за време на патувањето со метро. Кога паднал на седиштето резервирано за трудници и лица со инвалидитет и останал неподвижен, повеќето од патниците помислиле дека човекот е изморен и дека заспал.

Дури кога околу 15 минути по полноќ контролорите влегле во метрото, се посомневале дека нешто не е во ред. Бидејќи не можеле да го изнесат од возот, повикале Итна помош, која констатирала дека патникот е мртов неколку часа. Неговото тело било пренесено во локалната мртовечница, каде биле повикани роднини да го идентификуваат.
Овој случај предизвикал остра локална дебата во Мексико Сити на темата модерен живот, со пример дека тоа е доказ дека луѓето станале изолирани едни од други.
Други пак истакнале дека, иако е случајот необичен, не е тешко да се погреши или да се помисли дека човекот само заспал, бидејќи многу луѓе заспиваат во текот на своите патувања, посебно кога се враќаат изморени од работа.
 Несреќниот човек, чиј идентитет не е познат, најверојатно доживеал срцев удар за време на патувањето со метро. Кога паднал на седиштето резер

Пронајдете не на следниве мрежи: