Човекот кој го љуби Тетово

Дарко Гавровски или уште попознат како Гавро е тетовчанец кој го обожава својот роден град.
Гавро има напишано книга зад себе и објавено песна со наслов „Ја го љубим Тетоо“. Поради преголемата љубов кон својот град и своето потекло и пеењето со емоции оваа староградска песна стана голем хит, како меѓу Тетовчани така и меѓу целиот македонски народ.
Неговата приказна за љубовта кон неговиот роден град започнала од неговото семејство кое ги негувало приказните за убавините на Тетово, стариот градски живот и еснафскиот дух. Така тој започнал да собира разгледници, фотографии и текстови за Тетово. Почнал да им прави интервју на старите луѓе во Тетово, се со цел да дознае нешто повеќе за старите корза, сокаци, фамилии, објекти.
Денес, тој има над 3000 страници материјал од историјати, фамилии, поговорки, песни, стари зборови…
Слушнете ја оваа негова песна и дознајте нешто повеќе за убавината и историјата на овој прекрасен македонски град.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Дарко Гавровски или уште попознат како Гавро е тетовчанец кој го обожава својот роден град.

Пронајдете не на следниве мрежи: