Со години, црвениот кармин се смета за класика во елегантните вечерни забави и со текот на времето тој стана неизоставен моден додаток на светкавите коктел-фустани.Токму поради тоа, многу девојки се во дилема дали да ги обојат своите усни во црвена боја. Доколку се препознаете во ова и не сакате да го ограничите вашиот омилен црвен кармин само за вечерните излегувања, тогаш следните трикови се само за вас.
Одредете го вашиот подтон и комбинирајте го со вистинската нијанса
Доколку на вашиот тен му одговараат постудени подтонови, тогаш за вас е црвениот кармин со син подтон. Доколку повеќе ви одговараат потопли подтонови како што се жолтата или златната нијанса, тогаш е подобро да изберете црвена нијанса со портокалова основа. Тука спаѓаат и нежните корални тонови.
Не водете се според бојата на косата или очите
Доколку имате сини очи, тоа не значи дека подобро ќе ви стојат студени подтонови. Затоа одбегнувајте да го избирате црвениот кармин според вашата боја на очи или коса туку фокусирајте се на подтонот на кожата. Немојте да заборавите дека има мноштво девојки на кои им одговараат неутрални подтонови. Доколку сте во дилема, држете се до црвените нијанси кои се наоѓаат во средината на спектарот.
Припремете ги своите усни пред шминкањето
Сувите усни можат да го уништат целиот изглед, па затоа употребете ја вашата четкичка за заби со цел да направите благ пилинг на усни. Со тоа ќе ги отстраните сите мртви клетки, но не заборавајте и на хидратацијата со одговарачки балзами за нега на усни.
Исцртајте ги усните за совршен изглед
Употребете моливче за усни со кој ќе го спречите карминот или сјајот за усни да “се лизнат” од своето место.
Црвениот кармин најдобро одговара со природна шминка
Доколку одлучите да го носите вашиот омилен црвен кармин, погрижете се преостанатата шминка да биде што понеутрална. Употребете малку коректор или руменило за образи, а потоа истакнете ги очите со малку маскара.
Токму поради тоа, многу девојки се во дилема дали да ги обојат своите усни во црвена боја. Доколку се препознаете во ова и не сакате да го ограничи