„Чудната смрт“ на најистакнатите соработници на Владимир Путин!

Воениот аналитичар Виктор Баранец открива дека генералот-полковник Игор Сергун живеел тајно, но открил неколку детали кои можеби би можеле да кажат нешто повеќе за првиот човек на руската воено-разузнавачка служба.Руското министерство за одбрана пред три дена соопштило дека на 58 години одненадеж починал лидерот на воено-разузнавачките служби, односно на Главната разузнавачка управа на Главниот стожер на војската на Руската Федерација – “GRU”, генералот Игор Димитријевич Сергун. Во соопштението на министерството стои дека генералот умрел одненадеж, но не е наведена причината за смртта. Се смета дека воената разузнавачка служба е најголемата руска мрежа за шпионажа во странство. Украина тврдела, и сè уште тврди, дека “GRU” учествувала во судирите во источна Украина, односно во Донбас, каде од април 2014. година безбедносните сили на Киев водат кампања против сепаратистите.
Генералот Сергун бил на листата на руските службеници кон биле воведени санкции од западните земји поради “предизвикување и поттикнување на судири во Украина”. Европската унија соопштила дека генералот Игор Сергун е “одговорен за активностите на службениците на “GRU” во источна Украина”. Генералот Сергун бил офицер со долгогодишно искуство, а како што пренесуваат руските медиуми, дипломирал на военото училиште Суворов во Москва, а служел во советската војска од 1973. до 1998. година. Како полковник служел како воен аташе на Руската Федерација во Тирана. Зборувал неколку странски јазици и бил награден со повеќе државни награди. Ја водел “GRU” од крајот на 2011. година, а Путин во февруари минатата година го унапредил во генерал-полковник.
Меѓутоа, Радио Ехо Москва, јавило дека Сергун не умрел во Русија, туку во Либан. Оваа вест ја пренела и американската приватна разузнавачко-аналитичка агенција “Stratfor”. Според официјалната верзија, Сергун починал на 3. јануари во својот дом за одмор во московската област, од акутен застој на срцето. Соопштено било дека причина за смртта би можело да биде тумор и истоштеност. Меѓутоа, аналитичарите на “Stratfor” тврдат дека, според нивни блиски извори, Сергун умрел на 1. јануари во Либан.
Високиот воен аналитичар Виктор Баранец за Космолскаја Правда изјавил дека генерал-полковник Игор Сергун живеел под ознака за “тајност”, но открил неколку детали кои можеби ќе откријат нешто повеќе за првиот човек во руската воено-разузнавачка служба. “Кога во февруари и март 2014. година пишував книга за враќањето на Крим кон Русија и малку познатите аспекти за работата на “зелените луѓе” на полуостровот, рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојга ми кажа: “Дајте го ракописот да го прочита генерал Сергун, бидејќи тој знае многу детали и нема да ви дозволи да погрешите во описот за “Кримската пролет””. Така и направив. Три седмици подоцна генерал Сергун ме покани на “книжевна расправа”. Мојот ракопис беше на масата пред него.

 
Тогаш речиси еден час ми прераскажуваше една епизода која ја нема во книгата. Тука постои епизода на генијална комбинација која ја извела “GRU” на Крим, што помогнало да се спасат можеби стотина животи на наши војници. Јас со восхит ја опишав суштината на оваа брилијанта операција, која била спроведена под надзор на Сергун”, пишува рускиот воен аналитичар, пренесува Kurir.rs. “За ова јас и моите луѓе не можеме да зборуваме. Вистина е дека се случи. Не си излажал. Но, нема да ги покажеме алатите на противници кои во иднина сигурно повторно ќе ни бидат потребни”, рекол Сергун.
“Никаде нема да најдете “проширена” биографија за генерал-полковик Игор Димитријевич Сергун или некои интересни податоци за неговата работа на разни позиции. Неговата служба е скриена и класифицирана како тајна. Најмногу што можете да дознаете од неговата биографија е тоа што е објавено на интернет на страната на Министерството за одбрана на Русија”, заклучил Виктор Баранец.
Неодамна, исто така, одненадеж починал и 57-годишниот Михаил Лесин, поранешен помошник на рускиот претседател Владимир Путин. Руски Поглед тогаш кратко известил дека Лесин, поранешен шеф на “Gazprom-Media Holding”, умрел на 3. декември од срцев удар во Вашингтон, а дека бил погребан во Лос Анџелес во кругот на најблиското семејство. Михаил Лесин бил пронајден мртов во луксузен хотел во Вашингтон.
Покрај тоа што бил министер за печат од 1999. до 2004. година, од 2004. до 2009. година бил советник на рускиот претседател за медиуми, а помагал и во растот на денес светски познатиот телевизиски канал Russia Today. Од октомври 2013. година, до декември 2014. бил директор и претседател на управата на “Gazprom-Media Holding”.Руското министерство за одбрана пред три дена соопштило дека на 58 години одненадеж починал лидерот на воено-разузнавачките служби, односно на Глав

Пронајдете не на следниве мрежи: