Чварки, паприкаш… Што сакале да јадат диктаторите?

Ти си она што го јадеш – но и како јадеш и со кого јадеш. Храната може да влијае на расположението, но и на начинот на кој гледате на светот, наведуваат Викторија Кларк и Мелиса Скот, авторките на книгата за прехранбените навики на диктаторите „Dictator”s Dinners: A Bad Taste Guide to Entertaining Tyrants“, пренесе ВВС.Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил, наредил секое зрно ориз кое ќе му биде послужено да се избира рачно, а развил и цел институт чија цел била да му се продолжи животот на лидерот преку храната.
Романскиот диктатор Николај Чаушеску ги нервирал своите колеги од другите земји, затоа што на сите состаноци си носел храна со себе. Тито бил шокиран од сознанието дека Чаушеску одбива да јаде цврста храна и дека во себе внесува само сокови од сиров зеленчук и тоа преку цевче.
Тито особено уживал во топли чварки, а Чаушеску, пред да помине на течна диета, дома најмногу сакал да јаде гулаш од цело пиле, вклучувајќи го и клунот и нозете. Португалскиот диктатор Антонио Салазар јадел сардини кои го потсетувале на детството поминато во сиромаштија, кога храната ја делел со братот.
Органите за варење на Адолф Хитлер, Мао Це Тунг, Моамер Гадафи и Бенито Мусолини страдале од стрес поради функцијата што ја извршувале. Така, Хитлер страдал од хронична надуеност кога придонела подоцна тој целосно да премине на вегетаријанство. Освен тоа, тој се нашол и кај еден квази лекар кој за пречките во варење му препишал 28 различни лекови, од кои еден наводно бил направен од екстракт на фекалиите на бугарски селани.
Вечерите на Сталин траеле со часови и биле богати со грузиски специјалитети, а Никита Хрушчов пиел премногу алкохол.
Африканските диктатори Жан Бедел Бокаса, Иди Амин и Франциско Нгуема ги поврзувале дури и со канибализам.Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил, наредил секое зрно ориз кое ќе му биде послужено да се избира рачно, а развил и цел институт

Пронајдете не на следниве мрежи: