Науката и религијата се спротиставуваат на прашањето за можноста дека душата се сели од едно тело во друго по смртта, но постојат случаеви пред кои и самиот разум останува нем.Шанти Деви до својата четврта година воопшто не зборувала, а кога конечно ги кажала своите први зборови, го остави Делхи без текст: рече дека нејзиниот прв дом е во градот Матури, дека некогаш се викала Лугди, а дека маж и бил извесен Кедарнат Чобе. До најситниот детал го опишала маалото во кое живеела во минатиот живот. Знаела и како умрела: додека се породувала, седум години порано.
Кога ја одвеле во тој град, на комисијата и го покажувала најкраткиот пат и веднаш ја препознала „својата“ сестра. Самата таа жена потврдува дека ја препознала, како и многу други луѓе кои некогаш живееле околу нив. Кулминацијата на целото патување било кога тогаш веќе деветгодишната Шанти го сретнала десетгодишниот Навнит. „Својот“ син кој го родила.
Приказната го привлече вниманието на целата нација до тој степен, што Махатма Ганди ја стави во центарот на својата борба за индиската независност.
Се појавија и многу луѓе кои ја негираа оваа случка, бидејќи сметаат дека е невозможно некој до толку ситни детали да се сеќава на вакви работи. Уште поинтересно е тоа што ваквите случаеви се појавуваат кај децата на возраст од две до четири години, а кои веќе до седмата година забораваат на најситните детали.
Сето ова го отежнува „докажувањето“ на концептот и според тоа се прави едноставна поделба: Или верувате, или не.Шанти Деви до својата четврта година воопшто не зборувала, а кога конечно ги кажала своите први зборови, го остави Делхи без текст: рече дека нејзи