ЏАБЕ СЕ КРИЕТЕ: Секој може да ги види вашите фотографии на Фејсбук!

Можеби помисливте дека никој нема да може да ги види скриените фотографии на Фејсбук. Тоа е погрешен заклучок, бидејќи со помош на еден трик, тие лесно се наоѓаат на оваа социјална мрежа.Секој од нас има сокриено одредени фотографии од ѕидот на Фејсбук. Можеби некои луѓе помислиле дека со тоа се скриени да не бидат видливи, но треба да се знае дека сепак можe да се најдат.
Било да сте ги сокриле фотографиите на кои сте означени, или пак сте ги оставиле да го чекаат вашето одобрување, вистината е дека доколку некој ве означил на тие фотографии – нив можe да ги видат и луѓе кои можеби не би смееле да имаат пристап до нив.
Како функционира оваа опција? Пребарувањето преку „Facebook Graph“ овозможува да ги пронајдете сите фотографии на кои е означено некое лице. Едноставно, напишете „Photos by“ па името на личноста. Ќе се појават сите фотографии на кои таа личност е означена, без оглед дали фотографијата е скриена или не.

Ако не сте пријатели со таа личност, вие сепак ќе бидете во можност да ги видите фотографиите кои се јавно споделени. Дури и ќе ги видите фотографиите што се скриени од профилот.
Доколку сакате скриените фотографии да станат „невидливи“, одете на опцијата „Remove tag“. На овој начин, фотографиите нема да се појавуваат во резултатите од пребарувањето.
Во нагодувањата за приватност, може да наместите означените фотографии да не се споделуваат со никого освен со вас, односно само вие да ги видите – секако, заедно со лицето коешто ја објавило фотографијата. Со ова ќе се отстранат сите означени фотографии од вашиот Фејсбук профил.
Секој од нас има сокриено одредени фотографии од ѕидот на Фејсбук. Можеби некои луѓе помислиле дека со тоа се скриени да не бидат видливи, но треба

Пронајдете не на следниве мрежи: