Дадени се вртоглави 3,4 милиони долари за автомобилот на Џејмс Бонд!

За 3,4 милиони долари беше продаден автомобилот од новиот филм за Џејмс Бонд „007: Spectre“ на аукција во Лондон. Аукциската куќа „Кристис“ организираше аукција за предмети кои се користат додека се снима филмот за најпознатиот шпион во светот. Беа собрани вкупно 4 милиони долари кои ќе бидат наменети за добротворни цели.Најголем интерес меѓу колекционерите предизвика возилото Aston Martin DB10 од серијата развиена специјално за филмовите за Џејмс Бонд.
Проценетата цена беше меѓу 1,4 и 2,1 милиони долари, но продажната вредност сепак ги надмина очекувањата.
Другиот предмет кој привлече голем интерес беше костумот кој Џејмс Бонд го носеше на Денот на мртвите во Мексико Сити, во почетните сцени од филмот.
Комплетот од поезијата, маската, капата и ракавиците беа продадени за 140.000 долари, иако очекувањата беа дека ќе чинат максимум 25.000 долари.
Вниманието го привлекоа и часовникот на шефот на MI6 Гарет Мелори и златниот прстен на лидерот на организацијата „Спектар“, Франц Оберхаузер, кои беа продадени за неколку пати повеќе од прелиминарната оценка.
Сите приходи од аукцијата ќе одат кај добротворни и општествени организации, вклучувајќи ги „Лекари без граници“, агенцијата на ОН за деминирање (UNMAS) и неколку други.
Најголем интерес меѓу колекционерите предизвика возилото Aston Martin DB10 од серијата развиена специјално за филмовите за Џејмс Бонд.
Проц

Пронајдете не на следниве мрежи: