Видео: Дали би платиле пијалак со бакнеж?

Заборавете на кеш и кредитни картици, едно кафуле нуди сосема нов начин на плаќање – со бакнеж.
Metro St.James, кафуле во Сиднеј уреден во француски стил има едноставна романтична промоција овој месец.
Помеѓу девет и единаесет часот наутро гостите во кафулето својата сметка можат да ја платат со меѓусебен бакнеж.
„Ние не прифаќаме пари, дозволено е плаќање само со вашите бакнежи“- стои на статусот на Facebook профилот на Metro St. James кафулето.
Иако на некои овој концепт можеби му се чини чуден, ова кафуле објави и видео на кое се гледа како многу од муштериите се согласуваат на таквиот начин на плаќање.
„Ќе ве гледаме. Тоа мора да биде вистински бакнеж,“ се кажува во видеото.
Многу посетители на нивната страна се прашуваа дали како потенцијален партнер може да дојде во предвид и некој од вработените во кафулето, но на ова се уште никој не одговори.
Мораме да признаеме дека идејата е оригинална! Дали и вие би платиле за пијалак на ваков начин?Заборавете на кеш и кредитни картици, едно кафуле нуди сосема нов начин на плаќање – со бакнеж.

Пронајдете не на следниве мрежи: