ДАЛИ И ВИЕ ГО ИМАТЕ ОВА? – Откријте зошто кај некои луѓе вториот прст е подолг од палецот!

Мортоновиот прст (или уште и Мортоново стапало, Грчко стапало, „Кралски прст“, „Прст на пастирот“, Мортонов синдром), е состојба кога вториот прст на ногата е подолг од палецот.Иако во минатото се поврзувал со многу нешта и на оваа состојба ѝ се давале разни значења, објаснувањето е прилично едноставно – главната причина поради која вториот прст е подолг од првиот, лежи во коските на стапалото. Попрецизно, во петте коски кои се нарекуваат метатарзални и ги поврзуваат коските во прстот со остатокот од стапалото. Во овој случај, втората метатарзална коска е подолга од првата.
Името доаѓа од американскиот хирург за ортопедија Дадли Џој Мортон (1884-1960), кој прв ја опишал оваа состојба во рамките на своето истражување кое подоцна го нарекол „Синдром на Мортоново стапало“.
Иако често се ословува како пореметување, ваквото стапало е всушност прилично нормално – со оглед дека според статистиките практично го има секој триесетти човек, а во некои заедници скоро секој трет човек.
Многу често оваа состојба се поврзувала со различни етнички и генетски интерпретации.
Инаку, Мортоновиот прст во некои ситуации може да предизвика неудобности, како што на пример се болките во стапалото, но со модерни ортопедски техники релативно брзо се отстрануваат таквите потешкотии. Иако во минатото се поврзувал со многу нешта и на оваа состојба ѝ се давале разни значења, објаснувањето е прилично едноставно – главната при

Пронајдете не на следниве мрежи: