Љубителите на научната фантастика се надеваат дека еден ден луѓето ќе успеат да стигнат и во најдалечните делови од вселената, благодарејќи на црвоточините (црвјите дупки).Теоретски, тоа се тунели кои би можеле да овозможат брзо патување помеѓу оддалечени точки, токму онака како што е опишано во новиот филм на Кристофер Нолан „Interstellar“.
Астрофизичарот Кип Торн смета дека таквите егзотични патувања најверојатно ќе останат дел од научната фантастика.
„Постојат многу индикации дека патувањето на човекот низ црвоточините е забрането со законите на физиката. Тоа е тажно, но засега така изгледа“, рече овој експерт за теоријата на релативитетот, црните дупки и црвоточините.
Тоа би барало уфрлување на нешто што содржи антигравитациски својства – односно негативна енергија.
Негативната енергија е веќе создадена во лабораториите и тоа благодарејќи на квантните ефекти, а функционира така што еден дел од просторот „позајмува“ енергија од другиот кој немал никаква енергија, со што се создава дефицит на истата.
„Значи, тоа сепак се случува во физиката. Но, имаме силни, а не цврсти докази: дека никогаш не може да се добие доволно негативна енергија за да можете да ги одржите ѕидовите на црвоточината да останат отворени“, вели Торн.
Црвоточините низ кои би можел да помине вселенски брод сигурно не можат природно да настанат, додава тој.
Црвоточините се основа на научната фантастика веќе со децении наназад. Интересно е дека, едниот од најпознатите наслови од овој жанр им помогна на научниците подобро да ги разберат хипотетичките структури, вели Торн.
„Модерните истражувања на физиката за црвоточините, воглавно беа инспирирани од филмот `Contact`, како и разговорите кои што ги имав водено со покојниот Карл Саган, додека сѐ уште работеше на истоимениот роман“, вели Торн.
Инаку, романот беше објавен во 1985 година, додека филмот беше снимен во 1997 година.Теоретски, тоа се тунели кои би можеле да овозможат брзо патување помеѓу оддалечени точки, токму онака како што е опишано во новиот филм на Кристоф



