Дали отисокот од прстите ќе ги замени лозинките?

Apple на својот нов смартфон iPhone 5s постави скенер за отисоците на прстите за кој тврди дека има високо ниво на енкрипција и безбедност.Според нив, овој систем – Touch ID, може да предизвика револуција и во иднина би можел да ги замени вообичаените лозинки. Сепак експертите за безбедност посочуваат дека оваа технологија не е совршена и дека овозможува само малку повеќе сигурност во однос на кодот со четири бројки.
Сензорот на Touch ID е вграден во Home копчето на iPhone 5S, а може да се користи за отклучување на телефонот, како и за купување, а апликацијата автоматски и ефикасно ја отстранува потребата од лозинка или PIN код.
„Многу корисници на смартфоните не ставаат заштитна шифра. Touch ID е полесна и позабавна алтернатива бидејќи користи клуч кој секогаш го носите со себе – вашиот прст“ – изјави Фил Шилер кој е задолжен за глобалниот маркетинг во Apple.
Системот функционира така што ги скенира слоевите на кожа на прстот, а покрај за отклучување може да се користи и за купување во App Store. Според компанијата, сензорот е дизајниран за прецизно исчитување од секој агол и станува попрецизен со користењето.
Џон Хавс од Sophos Security смета дека скенерите на прстите во минатото се покажале како многу несигурни и полни со безбедносни пропусти.
„Отисоците не се тајна бидејќи ги оставаме насекаде. Некој доволно способен, може лесно да дојде до копија од нечиј отисок и да го измами сензорот“ – тврди Хавс и додава дека за разлика од лозинката, украдениот отисок не може да биде сменет.
Повеќе на GSM.mkСпоред нив, овој систем – Touch ID, може да предизвика револуција и во иднина би можел да ги замени вообичаените лозинки. Сепак експертите за

Пронајдете не на следниве мрежи: