ДАЛИ ПОРАДИ ОВА ЌЕ ГО ОТСТРАНИТЕ ПРОФИЛОТ?- Ова се новите Фејсбук правила кои не очекуваат од 1.Јануари 2015

Фејсбук на сите свои корисници им прати известување дека од 1-ви јануари 2015-та година стапуваат на сила новите правила. Фејсбук на сите свои корисници им прати известување дека од 1-ви јануари 2015-та година стапуваат на сила новите правила. Станува збор за услови на користење, како и подобро пласирање на рекламите кои секојдневно ги гледаме.   Во делот на сајтот кој се нарекува „Privacy Basic” корисниците на интерактивен начин можат да дознаат што ги интересира за користење на популарната социјална мрежа. Тука на корисниците ќе им биде објаснето што луѓето можат да видат на нивните профили, како другите можат да комуницираат со вас, како и што вие можете да видите во сопствениот News Feed. 
Компанијата со новите услови на користење ќе ги подобрат и типовите на реклами кои нам ни се сервираат. Новата политика на Фејсбук ќе научи уште повеќе за работите кои ги интересираат корисниците и на сите ќе им понуди реклами на основ на тоа што ги интересира. Од сега ќе гледаме исти реклами на сите уреди со кои пристапуваме на оваа социјална мрежа, а кога еден оглас ќе го означиме како „непосакуван”, тој повеќе никогаш нема да се појави повторно.

 

 Со самото прифаќање на условите на користење ние одамна дозволивме на Фејсбук да прикажува многу информации за нас, како што и на кое место се наоѓаме, името, презимето, датумот на раѓање, а на основ на она што следиме (лајкуваме и коментираме), Фејсбук може да добие и некоја општа слика за профилот на корисниците.  Најавено е дека во некои региони, интернет гигантот ќе започне да тестира и таканаречената „Buy” – купи, опција која на корисниците ќе им овозможи да купуваат различни производи без потреба да ја напуштаат страницата на популарната социјална мрежа.  Целокупниот извештај за новите услови можете да ги прочитате тука. 
Дали овој пат Фејсбук ќе успее да ги изманипулира своите корисници и без проблем да ги натера на новите правила и услови на користење, или овој пат корисниците ќе се „кренат” на нозе и ќе ја нападнат омилената социјална мрежа страница, останува да видиме.Фејсбук на сите свои корисници им прати известување дека од 1-ви јануари 2015-та година стапуваат на сила новите правила. Станува збор за услови на

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.