Дали секретарката на Јанева има поголема плата од републичкиот обвинител?

Платата на специјалната обвинителка Катица Јанева, чии обвинители работат предмети од незаконските прислушувања треба да биде 10 % помала од платата на државниот обвинител Марко Зврлевски, објави телевизија Алфа.Скоро 2.000 евра е разликата во платата на специјалната обвинителка Катица Јанева и државниот обвинител Марко Зврлевски. Алфа, ги спореди податоците за плати кои официјално на прес конференција ги објавија од СЈО, како и информациите што ги добивме од државното обвинителство.
Од обвиненија за тероризам, преку џихадисти, дилери, убијци се до ситни кражби и тепачки ова го работат обвинителите во обвинителствата кои се под надлежност на државниот обвинител Марко Зврлевски. Неговата плата е 70.000 денари. Законот налага  платата  да му се пресметува по коефициент  3,7, ова се официјални податоци кои ги добивме од обвинителството.
Платата на специјалната обвинителка Катица Јанева, чии обвинители работат предмети од незаконските прислушувања треба да биде 10 % помала од платата на државниот обвинител Марко Зврлевски. Вака пишува во членот 14 став 1 од законот за СЈО.
Јанева според изјавата од институцијата со која раководи зема плата од 184.500 денари. Ако се направи пресметка, Јанева треба да зема, околу 63.000 денари. Доколку на оваа сума се додадат и 35% како додаток за посебни услови за работа, додаток за висок ризик и додаток за доверливост, тоа би било 85.050 денари месечно за Јанева. По кој основ на сметка на специјалната обвинителка легнуваат уште 100.000 денари ќе треба да почекаме уште неколку месеци, за кога оттаму најавија дека ќе го објават 6 месечниот извештај.
Во ставот 2 од членот 14 од законот за СЈО, стои дека обвинителите таму, треба да имаат иста плата како оние од организиран криминал. Според официјалните податоци од обвинителство, платите на обвинителите од организиран се пресметуваат  по коефициент 3,2 и тие месечно земаат по 57.000 денари. Платите пак во СЈО според информациите на пресот се движат од 120.000 до 153.750 денари.
За разлика од СЈО, обвинителите од основните обвинителства како и од организиран криминал не земаат надомест од 35% за доверливост, ризик при работа како и посебни услови при работење, иако за разлика од 80 осомничени лани во СЈО, од основното обвинителство работеле со 20.000 осомничени.
И за техничкиот персонал во СЈО се шпекулира дека платите се вртоглаво големи односно достигнуваат до 90.000 денари. Дали платата на секретарката на Јанева е повисока од онаа на Зврлевски не добивме одговор од СЈО, објави Алфа.Скоро 2.000 евра е разликата во платата на специјалната обвинителка Катица Јанева и државниот обвинител Марко Зврлевски. Алфа, ги спореди податоцит

Пронајдете не на следниве мрежи: