Иако ни се чини дека летото штотуку заврши, празничните реклами веќе почнаа да се емитуваат, а големите ланци супермаркети и излози веќе добија светилки, китенки, елки и останати новогодишни украси.Колку и да го сакате или не претстојниот период, не можете да кажете дека барем малку магија не се чувствува во воздухот.
Британскиот ланец супермаркети Sainsbuy`s веќе со години е познат по бајковитите божиќни реклами со кои се обидува ги привлече купувачите. Сепак, нивната новогодишна приказна би можела да биде и нивен најуспешен проект кога се работи за предпразничен маркетинг.
Бајката по име „Божиќната незгода на Мог“ воодушеви многумина ширум светот, а оваа несекојдневна бајка за само два дена ја прегледале скоро четири милиони корисници на Јутуб.
Треба ли да напоменеме дека на оваа реклама и прескаткото маче Мог кое за малку го им „украде“ Божиќ на едно семејство, најмногу ги израдува малите?
Колку и да го сакате или не претстојниот период, не можете да кажете дека барем малку магија не се чувствува во воздухот.



