Дали знаевте дека НАЈМАЛИОТ град во СВЕТОТ се наоѓа на БАЛКАНОТ?!

Во централниот дел на Истра, сместен во прекрасните брда и обиколен со ѕидини, се наоѓа најмалиот град на светот- Хум. Со само 17 жители , ова старо гратче секоја година мами голем број туристи, па патувањето низ овој дел на Хрватска стана незамисливо без посетата на овој град, за кој се врзуваат бројни легенди.Според легендите Хум настанал кога старите дивови граделе градови во долината на река Мирна. Во еден момент, останале без големи камења, па решиле од преостанатите, помиали камења, да го направат „најмалиот град на светот“. И додека некои градови се фалеле со својата големина и раскош, Хум одсекогаш се гордеел со тоа што е толку мал.
Но, според пописот на населението од 2001 година, овој град навистина е најмал во светот- бидејќи брои само 17 жители. Иако денес градот брои ншто повеќе од 20 жители, што значи само неколку семејства, и понатаму е најмал во светот. Некои од податоците кои может да се најдат на интернет, говорат дека Хум е забележан во Гинисовата книга на рекорди како најмал град на свеот, но не се вистинити- но никој не одрекува дека овој град навистина може да се пофали.
Хум настанал во 11-от век. Прво била изѕидана тврдината, а потоа и првите куќи- кои и денес стојат и ги мамат љубопитните туристи. Оние кои го посетиле градот велат дека тесните, камени улици и понатаму пленат со духот на витештвото, а жителите се гордеат со епитетот „најмал град во светот“.

 
Овој град и денес, покрај бројот на жители, е знаменит во археолошките кругови и по тоа што е еден од ретките сочувани примери за урбан развој внатре во средновековните ѕидини. Откако градот бил соѕидан па до денешен ден скоро ништо не е градено надвор од ѕидините, кои и денес цврсто стојат.

Можеби има само 20-ина жители, но овој град и понатаму ги негува старите обичаји. Така секоја година се слават „Денови на Хум“, кога сите мажи го бираат својот поглавар. Овј обичај датира од древни времиња, а од 1977 година повторно почнал да се практикува. Во Хум се одржува и смотра на домашна ракија секоја година, а на карјот од секое собирање следува класична веселба, којае посебно примамлива за туристите. Според легендите Хум настанал кога старите дивови граделе градови во долината на река Мирна. Во еден момент, останале без големи камења, па решиле

Пронајдете не на следниве мрежи: