ДАЛИ ЗНАЕВТЕ: Како настанал изразот „да се стане на лева нога“?

Дали сте забележале колку оваа необична фраза е честа во многу земји и на многу јазици? Оваа фраза настанала пред многу векови, од многу интересни причини…Сите знаеме што значи кога некој ќе ни рече дека веројатно сме станале на лева нога – нерасположени сме и непријатни без некоја посебна причина. Меѓутоа, мал број луѓе знаат кое е точното потекло на овој израз.
Имено, оваа фраза потекнува уште од времето на старите Римјани, баш како и многу други обичаи и фрази кои опстојуваат со векови или милениуми по распадот на Римското Царство.
Објаснувањето е прилично едноставно: левата страна во Рим се сметала за лоша, зла и баксузна. Од таа причина, се верувало дека ако при станувањето од кревет прво со левата нога се стапнува на тлото, тоа ќе предизвика целиот ден да помине во лошо расположение.
Ова веројатно е и причината зошто Римјаните во домовите влегувале така што прво со десната нога го преминувале прагот, за да не предизвикаат зло.
Интересно е дека англискиот збор sinister, што значи злокобен, настанал од латинскиот збор sinister, што значел – лев.Сите знаеме што значи кога некој ќе ни рече дека веројатно сме станале на лева нога – нерасположени сме и непријатни без некоја посебна причи

Пронајдете не на следниве мрежи: