Џенифер Лопез не престанува да го проширува своето богатство. Очигледно парите од нејзината музика, филмови, парфеми и модната линија не и се доволни, па решила да отвори ланец на продавници за мобилни телефони.
Покрај отварањето на новата продавница, пејачката најавила дека ќе лансира сајт во рамките на брендот Viva Mobil за да ги продава телефоните “Verizon“ на шпанското население.
Првата продавница ќе биде отворена на 15-ти Јуни во Њуjорк. Џенифер изјавила дека вработените во нејзината продавницата ќе зборуваат шпански и англиски и дека ќе понуди културно релевантно шопинг искуство.
Џеј Ло се појави и во промотивниот спот за моделот Nokia Lumia 920, кој е моментално најатрактивен телефон кој може да се најде на пазарот и најверојатно и во нејзината нова продавница.Џенифер Лопез не престанува да го проширува своето богатство. Очигледно парите од нејзината музи