“Декларација” и “Договор” за добрососедство се различни колку Вардар и Дунав!

Очигледно, Софија смета дека Декларацијата не и е доволна за да наметне оспорување на нашиот јазик на меѓународен план, како нешто веќе апсолвирано и затоа инсистира на многу пообврзувачки документ како што е Договорот за пријателство, за да може секаде да мавта дека не постои автохтон македонски јазик, туку тој е само според Уставот на државата. А уставите, нели, се менуваат, предупредува поранешниот амбасадор Ристо Никовски.Некоректен маневар за Македонија да прифати неприфатлив договор – вака познавачите на состојбите ја оценуваат суштинската разлика меѓу изјавата на бугарскиот претседател, Росен Плевнелиев, дека потпишувањето на старата Декларација од 1999 година може да го има истиот ефект”, по што македонскиот шеф на државата, Ѓорге Иванов експресно даде отворен повик тие двајца да ја потпишат Декларацијата веднаш и без одложување, во Софија или во Скопје” и писмото што потоа Плевнелиев го испрати во Иванов во кое терминот Декларација” го заменува со Договор за добрососедствоо. – Прво, повторно потпишување на Декларацијата нема никаква смисла, бидејќи тоа еднаш веќе е апсолвирано и содржи стратегиски отстапки на Македонија. Второ, разликата меѓу декларација и договор, особено Договор за добрососедство, е огромна и неспоредлива. Декларацијата никого за ништо не обврзува, а Договорот за добрососедство е врвниот документ кој го потпишуваат две земји. Меѓу другото, тој означува дека меѓу двете земји нема никакви отворени прашања, што во никој случај не е меѓу така Македонија и Бугарија. Декларациите не потпаѓаат под никакво потврдување, додека договорите, особено Договорот за добрососедство мора да биде ратификуван во Собранието. Самото тоа покажува за каква разлика се работи. И трето, преседан во дипломатијата еднаш направен целосно обврзува. Очигледно, Софија смета дека Декларацијата не и е доволна за да наметне оспорување на нашиот јазик на меѓународен план, како нешто веќе апсолвирано и затоа инсистира на многу пообврзувачки документ како што е Договорот за пријателство, за да може секаде да мавта дека не постои автохтон македонски јазик, туку тој е само според Уставот на државата. А Уставите, нели, се менуваат, предупредува поранешниот амбасадор Ристо Никовски. Во писмото до македонскиот претседател Иванов бугарскиот претседател Плевнелиев изразил очекување по формирањето на новата Влада на Република Македонија во Софија да биде потпишан Договор за добрососедство. Со подготовност го примам искажаниот предлог од Вас, Декларацијата на премиерите на Република Бугарија и на Република Македонија од 1999 година да биде трансформирана во Договор за добрососедство и соработка. Убеден сум дека ако се почитуваат стриктно клаузулите на тој договор, нашите две држави ќе покажат политичка волја да бидат заедно дел од големото европско семејство, споделувајќи ги вредностите на демократијата”, напишал Плевнелиев во писмото до претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Во однос на предлогот на Иванов за заедничко поклонение на гробот на св. Константин Кирил Филозоф на 24 мај годинава во Рим, Плевнелиев пишува дека тоа соодветствува на бугарската желба за заедно чествување на заедничката историја, кога се одбележуваат заеднички за двете држави историски личности и настани. Тој, сепак, посочува, дека оваа година двете делегации ќе го посетат Рим во различно време, но изразува надеж за заедничко чествување на Илинденското востание во Република Бугарија и во Република Македонија уште од оваа година. Од Кабинетот на македонскиот претседател потврдија дека е примено писмо од претседателот на Република Бугарија, Росен Плевнелиев. Претседателот Иванов смета дека позитивниот одговор на неговите иницијативи од страна на бугарскиот колега е позитивен исчекор во настојувањата за градење односи на добрососедство. Иако претседателите директно не се вклучени во овие разговори, пред една недела бугарскиот претседател Росен Плевнелиев изјави дека македонската Влада ја прогласила за неважечка Декларацијата од 1999 година. – Секако дека Бугарија се залага за добар договор за добрососедски односи. Тоа е стандарден документ кој може да се состави во неколку часа. Ние, исто така, велиме дека потпишувањето на старата Декларација за добрососедски односи може да го има истиот ефект. Воопшто не разбираме зошто денешната власт во Скопје се откажа од оваа добра Декларација за добрососедски односи – изјави тогаш Плевнелиев. – Се согласувам целосно со него дека потпишувањето на старата Декларација за добрососедски односи може да го има истиот ефект. Воедно, предлагам ние двајцата да го направиме тоа веднаш и неодложно, во Софија или во Скопје – одговори Иванов.
Софија бара Македонија да не ги штити правата на Македонците во Бугарија Декларацијата за добрососедство во 1999 година ја потпишаа тогашните премиери на двете земји, Љубчо Георгиевски и Иван Костов. Уште тогаш се појави идејата врз основа на овој текст да се потпише меѓудржавен договор. Сепак, конкретната иницијатива за прераснување на Декларацијата во Договор за добрососедство пред Самитот на ЕУ во 2012 година ја дадоа тогашните премиер Бојко Борисов и шеф на дипломатијата Никола Младенов, а потоа и претседателот Росен Плевнелиев и со тоа го уценија македонскиот евроатлантски напредок. Голем број македонски експерти не гледаат ништо проблематично во текстот од Декларацијата – таа во најголем дел е позитивна, бидејќи од неа произлегуваат подеднакво и обврски и права за двете земји. Македонија и Бугарија се обврзуваат дека нема да преземаат, да поттикнуваат и да поддржуваат дејства што имаат непријателски карактер кон другата страна и дека нема да дозволат нивните територии да бидат искористувани од организирани групи кои имаат цел сепаратизам и нарушување на мирот и на сигурноста во државите. Двете земји се обврзуваат понатаму да преземаат ефикасни мерки против недобронамерната кампања и говорот на омраза и како најважно, меѓусебно си ги признаваат јазиците, односно бугарскиот, според нивниот Устав и македонскиот, според Уставот на Република Македонија. Сепак, дел од членот 11 е на штета на македонските национални интереси. Во овој дел од текстот се вели: Република Македонија изјавува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање на Република Македонија во внатрешните работи на Република Бугарија со цел да го заштити статусот и правата на лица кои не се државјани на Република Македонија”. Според овој член, Македонија презема низа обврски, без истите тие обврски подеднакво да се преземат и од другата страна, бидејќи Софија не се лишува од правото за заштита на статусот и правата на лицата коишто живеат во Македонија, а не се државјани на Бугарија, додека Македонија се откажува од правото да ги штити правата и статусот на етничките Македонци коишто живеат на бугарска територија.
 Некоректен маневар за Македонија да прифати неприфатлив договор – вака познавачите на состојбите ја оценуваат суштинската разлика меѓу изјавата на

Пронајдете не на следниве мрежи: