Дел од интервју на Лондонскиот „The Times“ со Тодор Александров, 4 Јануари 1924

Loading...

Толку многу се има кажано за силата на Организацијата да отстрани било која личност или личности кои се непријатели на нејзините стремежи, така што беше со голем интерес кога го читав листот на тие што беа осудени на смрт. Неколку веќе беа и убиени и Александров ме убедуваше дека редот и на другите сигурно ќе им дојде.                                         Смртната казнаТолку многу се има кажано за силата на Организацијата да отстрани било која личност или личности кои се непријатели на нејзините стремежи, така што беше со голем интерес кога го читав листот на тие што беа осудени на смрт. Неколку веќе беа и убиени и Александров ме убедуваше дека редот и на другите сигурно ќе им дојде. Начинот употребен е ист како и во другите тајни општества. На човекот со должноста за извршување на убиството му е дадено одредено време за да ја заврши задачата. Ако не успее, тој самиот ќе биде убиен. Смртната казна обично следува после најмалку едно писмо со предупред, но во посебни случаи е извршена веднаш. Македонците по природа се таенствени, резултат од макотрпниот живот што го проживеале, но сепак е необично што никогаш не промашуваат да ја извршат својата одмазда. Можеби нивниот успех е во исклучителната форма на идеализмот кој го поттикнува членството на Организацијата. Секој поединец има задача и потпишувањето на смртна казна од Тодор Александров е сигналот за целата машинерија да проработи. Наредби, дури и најобичните, секогаш  се предаваат преку рака. Редовен синџир на курири се протега преку Македонија денес. Бев сведок на делувањето на еден синџир и видов колку е прекрасно ефикасен. Секој курир има свој терен и пошто е од регионот низ кој патува, сите дупки му се познати. Понекогаш смртната казна, како во случајот со Даскалов, треба да се изврши во странство. Тогаш  неофицијалните претставници кои Организацијата ги има во Софија, Цариград, Будимпешта и други Европски градови, се повикуваат да ја одиграат својата улога. Организацијата е фактички огромен октопод кој ги има разгрането своите краци преку повеќето од Југо-источна Европа. Стремежот на Александров е да еден ден таа има официјално акредитирани претставници во секоја европска држава. Сепак, дури и денес постои фактор во Револуционерната Организација кој ни голема ни мала Европска Сила можи да го запостави.Зимскиот ден наидуваше при крај и дојде време да го напуштам Александров. Вечера од кокошка и ориз и да се полее, чај од липа, ни беа ставени пред нас. Александров јаде малу и набрзо ја фати својата омилена поза, седејќи со скрстени нозе, со главата навалена назад, очите полузатворени и рацете истегнати напред кон огнот. Мрачна суровост наидува на неговото лице и да се види таков е да се однеси со себе незаборавлив впечаток од извонреден човек. Целата посета изгледаше како сон. Можно ли беше да таква Организација постои во дваесеттиот век? Набрзо бев вратен кон вистината со самото излегување од куќата. Паѓаше снег и комитска група беше построена за смотра. Нејзиниот водач се одликувал во недамнешен судир против властите и Александров во кус говор го награди со Орден за Заслуга. Комитите, сите млади мажи, шест стапала и повеќе високи, го поздравија својот водач и после тивко си заминаа во строј. Неколку минути покасно напуштив со мојот не малку значителен телохранител. Александров ме испрати и истовремено тргна на 20-километарски пат до друго селце да го продолжи својот проповед “Македонија на Македонците”.

                                       

loading...
Loading...