Овој викенд со старт и финиш во амфитеатарот во најстарта прилепска населба Варош се одржа шестото традиционално издание на најголемата трка во планинско трчање Крали Марко Треилс – „По стапките на Крали Марко“.По тој повод во просториите на локалната самоуправа градоначалникот Марјан Ристески оствари средба со дел од наградените учесници на овогодинешната трка Крали Марко Треилс – „По стапките на Крали Марко“.
Тој на присутните им посака многу здравје и среќа во понатамошните натпревари, им подари монографија, а на победничката Мери Мирческа и врачи и вредносен ваучер од спортскиот дуќан „Лукас“.
Победници на трките се:
Крали Марко Ултра Треил 90К 4300Д+
Марија Митева Николова – Бугарија – 13:04:23
Мери Мирческа – Македонија – 15:29:52
Десислава Цветанова – Бугарија – 18:38:37
Иваило Атанасов – Бугарија – 12:14:57
Александер Спасов – Бугарија – 13:04:10
Константин Александров Атанасов – 13:04:14
Камена Баба Треил 31К 1250Д+
Одри Вурхес – САД – 3:53:21
Тања Стојановски – Србија – 3:55:18
Сања Каваз – Босна и Херцеговина – 4:05:05
Александар Стојкоски – Македонија – 3:00:56
Александар Кирковски – Македонија – 3:05:01
Филип Симоновски – Македонија – 3:05:01
Трескавец Треил 16К 800Д+
Бојана Наумовска – Македонија – 1:54:34
Милена Чкрипеска – Македонија – 1:56:44
Мери Чкрипеска – Македонија – 1:59:42
Атанас Анчевски – Македонија – 1:25:31
Петар Анакијев – Македонија – 1:38:09
Димитар Петровски – Македонија – 1:38:11
Организатори на настанот се здружението за планинско трчање ТРЕКС, ПСД Макпетрол и Општина Прилеп.По тој повод во просториите на локалната самоуправа градоначалникот Марјан Ристески оствари средба со дел од наградените учесници на овогодинешната
Дел од учесниците на трката „По стапките на Крали Марко“ ја посетија општина Прилеп





