Белградската полиција уапси повеќе од 90 навивачи на Партизан и Црвена Звезда, како и неколку странци, поради повеќе тепачки кои се случија пред почетокот на дербито од 28-то коло од српската Суперлига коe се игра на стадионот на црно-белките.
Како што пренесуваат српските медиуми, во тепачката меѓу навивачите кај ОУ „Даринка Радовиќ” во населбата Железник учествувале и Руси е еден Грк.
Во таа тепачка се приведени 20 навивачи меѓу кои четворица Руси и еден Грк. По таа пресметка, две лица побарале помош во Ургентниот центар, но полицијата нема увид за степенот на нивните повреди.
На сосема другиот крај на Белград, на Панчевачкиот пат кај кафеаната „Мал рај”, дошло до уште една тепачка меѓу навивачите на Партизан и Звезда по што се приведени уште 19 лица.
-Со тие две тепачки и со уште неколку помали, вкупно во полициските станици се доведени 92 лица, од кои три се малолетни, велат од српското МВР, пренесува Бета.
КурирБелградската полиција уапси повеќе од 90 навивачи на Партизан и Црвена Звезда, како и неколку странци, поради повеќе тепачки кои се случија пред по