Демант од СОУ Ѓорче Петров Крива Паланка на обвинувањата на СДСМ објавени во соопштение до јавноста на ден 12.09.2016При набавката на училишни столчиња за потребите на СОУ Ѓорче Петров од Крива Паланка целосно е запазена постапката согласно Законот за јавни набавки.
Од Советот за јавни набавки е побарана согласност за набавка на училишни столчиња со соодветен опис кој е направен од страна на стручно лице од соодветната област. По добиената согласност од Советот за јавни набавки е отворена тендерска постапка, а на тендерот се јави фирмата Де-ни мебел од Прилеп.
Столчето кое е набавено мораше да ги исполнува условите по бараниот опис со цел да се запазат пропишаните стандарди за учениците од средно образование, што беше и понудено од самата фирма. Севкупната документација за спроведената тендерска постапка може да се провери во училишната архива и да се утврди дека е постапено според Законот за јавни набавки.
Воедно во тек на тендерската постапка беше доставено и столче- примерок од кое можеше да се утврди квалитетот што се бара за училишно столче. Комисијата ги зема предвид цената и квалитетот, бидејќи досега набавените столчиња се со слаб квалитет кој предизвикува нивна краткотрајна употреба.
СОУ Ѓорче Петров апелира политичките партии да го остават образованието надвор од политиката и да не биде вклучено во манипулации од дневно-политички и теснопартиски карактер. Самата споредба околу набавката на училишна опрема меѓу школи од различен степен и големина е несериозна и индикативна дека се работи само за обид за политичка злоупотреба и манипулација.
Нашата образовна установа нема да дозволи валкање на угледот и реномето во вакви цели.При набавката на училишни столчиња за потребите на СОУ Ѓорче Петров од Крива Паланка целосно е запазена постапката согласно Законот за ја