Демонот во демократијата

Loading...

ИСKУШЕНИЈА ВО СЛОБОДНИТЕ ОПШТЕСТВАСамо што завршив со читањето на фасцинантната нова книга од полскиот професор, филозоф и политичар Ришард Легутко наречена „Демонот во демократијата:тоталитаристичките искушенија во слободните општества“ и срдечно ја препорачувам (сега е достапна на полски и на англиски јазик). Легутко живеел под комунистичка власт во родната Полска, но бил и дел од славното движење „Солидарност“ на Лех Валенса и уредник на весникот на движењето. Во посткомунистичкото општество, Легутко беше во полскиот Сенат, а сега е пратеник во Европскиот парламент. И ете го клучниот момент: тој гледа многу сличности меѓу двата система. Но имајте предвид дека насловот на книгата вели „искушенија“ што значи дека либералната демократија би можела – не дека сигурно ќе го направи тоа – да застрани кон тоталитаризам. Ако правилно се сфати, неговата книга е предупредување.
Алексис де Токевил, францускиот аристократ, кој ја напиша антологиската книга „Демократијата во Америка“ во два тома, предупреди против ова застранување откако дошол во Америка и ги проучувал американскиот народ и начинот на живеење. Тој го забележал потенцијалот за можно застранување кон тоталитаризам, што тој го нарекол „демократски деспотизам“ во двата тома од својата книга. А еве го фасцинантниот момент: тој го напишал првиот том од книгата во 1835 година, а вториот во 1840 година. Повеќе од 180 години подоцна, професорот Легутко ги забележува истите чувства посочувајќи дека и комунизмот и либералната демократија инсистираат дека историјата се движи во нивна насока и дека е на нивна страна. И двете бараат од социјалните институции- семејството, религиозните институции и доброволните асоцијации – да им се потчинат на правилата на либералната демократија. И двете се посветени на социјален инженеринг за да го остварат тоа. Kако што пишува во воведникот Џон О’Саливан, уредник на конзервативниот „Нејшнел ривју“, „Накусо речено, исто како и марксизмот пред неа, и либералната демократија станува сеопфатна идеологија која, зад превезот на толеранцијата, само малку или воопшто не толерира несогласување.“
Ова откритие меѓу двата система на професорот Легутко речиси му замирисало на богохулење. Но кога размислил и истражил на подлабоко ниво, тој открил дека „што се однесува до либералната демократија, с` уште преовладува верувањето дека е тоа систем со вчудовидувачки диверзитет. Но ова верување толку многу застранува од реалноста што токму спротивното верување сега се чини поблиско до вистината. Либералната демократија е моќен, обединувачки механизам што ги замаглува разликите меѓу луѓето и наметнува униформност во верувањата, однесувањето и во јазикот.“ Ако идејата за слобода е многу врати да се отворени, либералната демократија – особено каква што станува во Америка и во ЕУ – се претвора во сосем спротивното. Ако се сомневате во моите зборови, само погледнете ги дневните вести од двете страни: прогресивната левица, потпомогната и подбуцнувана од слабите или послушните политичари, сервилните медиуми контролирани од левицата, невладините организации од левицата и богатите поединци кои се со цврст левичарски светоглед, се обидуваат да го потиснат секое несогласување и да им го наметнат тој светоглед на сите. Тие не толерираат никаков поинаков начин.
Професорот Легутко продолжува посочувајќи: „И комунизмот и либералната демократија се режими, чија намера е да ја смени реалноста на подобро. Тие се, да употребам современ израз, проекти за модернизација. И двете се хранат од верувањето дека светот не може да се толерира во состојбата во која е и дека треба да биде сменет: дека старото треба да биде заменето со ново. И двата система силно, и така да речам, нетрпеливо се наметнуваат во општествената структура и и двете го оправдуваат своето наметнување со аргументот дека тоа води до подобрување на актуелната состојба со нејзина ’модернизација’.
Тука мора да нагласам еден важен момент: токму во оваа насока се движи либералната демократија, предводена пред се од Америка и од ЕУ. Професорот Легутко посочува и светли моменти во овој тренд- тој ги споменува Полска и Унгарија како предводници против ова во ЕУ, како и други во Америка. Друг важен момент е следниов: оваа тенденција да се наметнат во општествената структура, особено кога станува збор за традиционалното семејство и религијата, е дефинитивно модерен упад зашто, на пример, традиционалното семејство отсекогаш постоело како такво, главно недопрено. Дури во последните неколку децении станавме сведоци на интензивни напади врз него. Овој напад почна, крајно иронично, не од владата, туку од поединците. И тоа е клучната поента на целата книга – како поединците своеволно и сами си го наметнуваат овој тоталитаризам, кој на крај води до ропство.
Ова е една од клучните причини зошто е од витално значење да се заштитат оние институции кои го одржуваат општеството слободно традиционалното семејство, верските институции, семејните врски, пријателите и да, асоцијациите што се создадени да исполнат многу од потребите што владата не може или не треба да се обидува да ги исполни. Оваа последна група – асоцијациите – се тема за друга колумна што ќе ја пишувам и во која ќе зборувам за вистинската улога на асоцијациите и невладините организации, кои во последно време беа тема на многу дебати. Па сепак, тие институции штитат од занесувањето кон тоталитаризам, и вистинската улога на владата и на општеството е да ги штитат нив – почнувајќи од традиционалното семејство.
Следната недела Македонија прославува 25 години слобода и независност. Можеби не либерална демократија, но слобода и независност. Постои важна разлика, а за прославата на 25-тата годишнина на Македонија ќе пишувам идната недела. Дотогаш, размислете за овие работи.
 
Пишува: Џејсон Мико за Дневник
(Авторот е менаџер за односи со јавноста од Аризона (САД), и долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и во Југоисточна Европа)Само што завршив со читањето на фасцинантната нова книга од полскиот професор, филозоф и политичар Ришард Легутко наречена „Демонот во демокр

loading...