Вечерва последната минута од денот во целиот свет ќе трае подолго од вообичаено, а станува збор за феномен кој се појавува поради феноменот на забавување на ротацијата на Земјата околу Сонцето.Во секоја земја вечерва, ноќта на 30 јуни кон 1 јули, „ во универзално координирано време“ (UTC) минутата помеѓу 23:59 и 00.00 часот ќе трае 61 секунда на тој начин што истата секунда, сите часовници во светот ќе ја бројат двојно.
Ова е постапка со која се додава една секунда, со цел да се усогласат природните и атомско временски скалила. Луѓето генерално нема да забележат некои видливи промени, но „екстра една секунда“ ќе им донесе полни раце работа на глобалните навигациски и сателитски системи како и системот за порамнување на компјутерските мрежи и слично.
Експерт на турскиот Институт за научни и технолошки истражувања и професор на Универзитетот во Истанбул Hasan Esenoglu, изјавил дека овој систем за прв пат почнал да се користи во 1972 година, разликата помеѓу Универзалното време, се темели на ротацијата на Земјата и на нејзината позиција во однос на небесните тела и Меѓународното атомско време, а тоа не смее да надминува повеќе од 0,9 секунди.
Досега вкупно 25 пати е додадено време од една секунда, Esenoglu вели дека ова е прецизна усогласеност на времето, која се разликува од редовните календарски шестдневни на ниво на една година и едноставните промени на летно и зимско сметање на времето.
„Последното додавање на секунда беше во 2012 година и речиси стана редовно на секои пет години да се практикуваат по три пати. Првично се стравувало од падот на електронски системи, но тоа не се случило. И понатака постојат критики за оваа практика. ”
Тенденција на забавување на ротација на Земјата ја предизвикуваат плимата и осеката, како и резултатите од гравитацијата на Месечината и Сонцето, и Земјата е исто така чувствителна на ефектите на атмосферските движења,на промените во ледената покривка, земјотресите, а резулта е еден ден да трае точно 24 часа. На планетата Земја, и треба нешто повеќе од 86.400 секунди за еден круг околу својата оска.Во секоја земја вечерва, ноќта на 30 јуни кон 1 јули, „ во универзално координирано време“ (UTC) минутата помеѓу 23:59 и 00.00 часот ќе



