ДЕНЕС ЗА РУЧЕК: Пилешко во сос за кое сите ќе зборуваат

Кога немате време за некое комплицирано јадење, а сакате да имате вистински ручек, ова би можело да биде идеален избор. ⬇️⬇️👌

Состојки:
500 – 600 гр пилешки прсти
200 мл јогурт
1 лажица сенф
2 лажици вода
малку магдонос
сол бибер и вегета

Подготовка:
Пилешкото исечете го на коцкички, додадете ги зачините и промешајте.
Во тава загрејте масло, додадете го месото и пржете додека не добие малку боја.
Изматете го јогуртот, водата и сенфот, па прелијте преку месото. Намалете ја температурата поклопете и оставете да крчка уште 4-5 минути.
На крајот посипете магдонос.
Сервирајте со ориз или компири.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.