Денес започнува есенското издание на Моден викенд Скопје

Скопје, 21 октомври 2013 –  Со модните ревии на дизајнерите Никола Ефтимов, Бобан Илиевски и модниот бренд Diesel, вечерва ќе започне осмото издание на Моден викенд Скопје, во катната гаража „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.Најновото издание на Моден викенд Скопје есен-зима ‘13/‘14 ќе го отвори дизајнерот Ефтимов поддржан од „ELISE“  во 19:30 часот, со својата најнова колекција Os filhos de Vênus (Тhe story of dégagé) која е базирана на две инспиративни нишки- Бразил со интензивните бои и животната  радост и шкотската традиција, што е особено видливо во употребата на карираните материјали.
Во 20:30 часот љубителите на модата ќе може да ја проследат ревијата на „Шик Андеркавер“ на Бобан Илиевски. Глам-шикот на осумдесеттите што се проткајува во сите колекции на Илиевски е присутен и оваа сезона со нагласување на маскулинистички елементи од палто, ревер, широки  раменици во една нежна женска силуета што покажува самоуверена современа индивидуа. 
Колекцијата на „Diesel“ за оваа сезона која ќе биде претставена утревечер во 21:30ч се одликува со рафиниран стил, софистициран и класичен изглед, кој во себе ја носи рокерската нишка на брендот.
Во среда на 23 октомври, предавање ќе одржи  светски признатиот  Мартин Робертс, ко-основач и директор на Fashion Scout London и Graduate Fashion Week. Предавањето ќе се одржи од 10 до 12 часот во хотелот Арка во Скопје. Проектот е организиран во соработка со Британски совет во Македонија и претставува континуитет на нивните досегашни залагања за поддршка на креативните индустрии во Македонија.
Во катната гаража „Св.Кирил и Методиј“ на 23 октомври своите нови парчиња ќе ги презентираат и Олгица Ѓоргиева  во 19:30ч, Ирина Тошева поддржана од Авицена лабораторија во 20:30ч и Fashion Group со повеќе брендови во 21:30 часот. На 24 октомври на истата локација во 20ч ќе бидат презентирани моделите на Антонија Ристовска поддржана од AVON и во 21 часот модното шоу на Стилисимо. Ден подоцна во 20 часот ревија на EVEE  на Ивана Цветковска поддржана од Луна Комерц&Фруктана ЛТД и во 21 часот групна ревија на Стефанија Насеска, Марјана Рујаноска поддржана од Витаминка и дизајнерот Никола Петровски.
Во недела на 27 октомври во Националната галерија на Македонија „Даут Пашин Амам“, со почеток во 21 часот ќе биде прикажано најновото од MCouture на Мила Кадриу.
Претпоследниот ден на осмото издание 29 октомври е резервиран за модниот перформанс на Vibrazioni на Александра Митковска во соработка со уметникот Александар Зафировски. Настанот ќе се одржи во Музејот на Град Скопје со почеток во 21 часот.
Модниот викенд Скопје ќе трае од 22 до 30 октомври. Во рамките на осмото издание, своите колекции ќе ги претстават вкупно 14 учесници а ќе го затвори модниот перформанс на дизајнерката Росица Мршиќ во Музејот на Град Скопје со почеток во 21 часот.
Новиот македонски моден онлајн магазин Stylist.mk во рамките на осмото издание на Модниот викенд-Скопје (FWSK) ќе избере најдобра колекција, најнадежен дизајнер и најдобар манекен/ка.
Во конкуренција за трите награди се сите ученици на есенското издание на FWSK.  Имињата на победниците ќе бидат соопштени на 31 октомври во „МКЦ Клуб & ресторан“, Скопје.
Во организација на Stylist.mk, неколку часа порано на истата локација, ќе се одржи дебата на тема „Пласманот на модата во медиумите“ во која ќе бидат вклучени модни дизајнери, новинари, блогери и менаџери.
Во специјализирaниот сајт за мода, убавина, уметност и животен стил, Stylist.mk, кој функционира и како асоцијација, силите ги здружуваат трите модни новинарки/уреднички: Снежана ЈаначковскаБогдановска, Катерина Трајановска и Ана Несторовска.Најновото издание на Моден викенд Скопје есен-зима ‘13/‘14 ќе го отвори дизајнерот Ефтимов поддржан од &bd

Пронајдете не на следниве мрежи: