Дознавањето за неверството на партнерот за жал е често сценарио за кое повеќето луѓе се срамат да зборуваат, но тоа говори повеќе за нивните подобри половини, осаменоста, надежите…Дали е подобро да се живее во езнаење или да се носи со грубата вистина која може да сруши се? Може ли некој да знае однапред како би постапил во случај на измама? Што да се наптрави доколку децата се најдат во средина? Една жена одлучила да го разоткрие неверстото на сопругот, а во својата приказна зборува за се што ѝ минувало низ главата .
„Седев на работа додека прстите ми минуваа по тастатурата. Длабоко воздивнав и го внесов својот најдобар можен обид- она за што претпоставував дека би можело да биде лозинката на имеил адресата на мојот сопруг. Еден клик подоцна, дознав дека сум во право, и околу неговата лозинка и околу моето чувство дека ме изневерува. Никогаш во животот толку не посакував да мислам дека сум се измамила.
Откако му го хакирав меилт и Твитерот, не можев да престанам да читам. Имаше толку многу пораки, од разговори за книги и музика и експлицитни описи за секс и она најболното- изјави на љубов и желба. Читав се додека не можев повеќе да поднесам и заминав до својот автомобил. Седев, плачејќи се додека мобилниот не се огласи.
„Еј злато, дали си на пат за дома? Бакнеж“, беше тој. Бакнежот беше тој кој ме докрајчи, тој ја претвори мојата тага во бес. Дома се возев како на автопилот, цело време размислувајќи за навредите кои ќе му ги упатам, прашувајќи се дали можам толку силно да му удрам шамар што ќе го заболи барем приближно колку што ме болеше мене. Замислував дека ќе се соочам со ова како лик од филм, ќе го исфрлам надвор, ќе му ја запалам облеката. Возев и зборував на глас. Тоа е тоа, ова е нашиот последен ден од бракот. Последен ден кога одам дома кај сопругот.
Влегов дома и го видов лажливецот, измамникот, гадот, како седи и нежно ја чешла косата на нашата ќерка. Таа ја наведнала својата глава на неговата нога и заедно ја пееа нејзината омилена песна. Изгледаше како татина принцеза која, а нежноста со која тој ја чешлаше нејзината коса само ме подсети колку ја сака откако за прв пат ја виде.
Лажливец, измамник, гад, татко на моите деца
Во тој момент сфатив три работи- мојот сопруг е одличен татко. Мојот сопруг ми го скрши срцето и тоа што го стори мојот сопруг и како ќе се носам со тоа ќе биде многу покомплицирано отколку што човек може да си замисли.
Во деновите кои следеа, откако го соочив и валканата вистина излезе на виделина, во ниту еднен момент не бев сигурна дека ја прав ам вистинската работа. Барав од него да се исели, но и да доаѓа секое утро за да ги однесе децата на училиште и секоја вечер заедно да јадеме. Му кажав да оди кај некој терапевт, но не сакав да одам со него на брачно советување. Земав половина од парите од заедничката сметка и отворив своја. Размислував дали ќе можам да им приуштам на децата куќа која ќе биде наш дом без него.
Помислата на тоа дека никогаш повеќе нема да го бакнам ми се чинеше невозможна. Најмногу размислував за децата и за тоа што е добро за нив. Тој ја прекина аферата, барем така кажа- и сакаше да поправи се.
Овие први денови и недели по соочувањето со вистината за мене беа најосамениот период во мојот живот. Иако не направив ништо погрешно , чувствував страв и неудобност и н зборував за тоа со другите. Мојата несигурност околу иднината и ситната наеж ме спречија да зборувам пред другите. Што доколку им кажам на другите, а ние се смириме? Ќе го мразат ли моите пријатели? Мислам дека ми беше страв да го кажам тоа на глас, бидејќи неверството тогаш би било уште пореално.
Сакав на сите да им кажам дека ги мразам, презирам, дека никогаш повеќе нема да го сакам, но не можев да си помогнам да не се надевам дека сепак можеби еден ден повторно ќе го сакам. Љубовта е комплицирана. Бракот е комплициран. Неверството е навистина комплицирана работа.
Помина една година од денот кога дознав. Ние, за сега се уште сме заедно. Заедно сме како родители и во тоа добро функционираме. Тој се уште не насмевнува. Можат да минат денови без да се сетам на неговото неверство и другите жени. А повторно, тука се деновите кога го слушам како типка на тастатурата во работната соба и чувствувам мачнина во желудникот прашувајќи се дали ќе можам еден ден повторно да му верувам.
Сега знам нешто што до сега не го знаев- не постои начин за тоа како да се носите со неверството. Нема совршено сценарио. Реалниот живот не е филм, а доколку навистина му ја запалите облеката, полицијата ќе дојде по вас. Наместо тоа, обидете се да го откриете најдобриот начин да се соберете, за децата, и секое утро да станувате се додека еден ден не боли како вчера.Дали е подобро да се живее во езнаење или да се носи со грубата вистина која може да сруши се? Може ли некој да знае однапр



