Во оние моменти кога ќе ве обземе чувство на незадоволство и малаксаност или пак едноставно не можете да станете од кревет, постои решение. Овие мали трикови веднаш ќе ви помогнат да се расположите.
1. Носете алишта во светли бои: Лелеав фустан со весели цветни принтови искомбиниран со црвен или розов лак на ноктите – доволен е само поглед на овие прекрасни детали за да почувствувате протокот на добро расположение. Една студија покажува дека луѓето кои работат во живописен амбиент со многу светли бои се подинамични и се повеќе подготвени од оние кои работат во мрачна средина.
2. Запалете го светлото или отворете ги ширум прозорците: Нека влезе светлина во вашата соба! Светлината испраќа сигнали до мозокот за да се разбуди, што е особено корисно за време на врнежливи денови. Холандските експерти откриле дека изложувањето на сонце меѓу пладне и 16 часот во попладневните часови значително го намалува чувството на слабост и поспаност. Значи, бидете сигурни дека ја добивате потребната светлина и повремено излезете на природна светлина.
3. Прошетајте: Доволни се само пет минути за да почувствувате промена на подобро! Истражувачите го споредиле зголемување на енергијата во телото после јадење чоколадо и по пет минути пешачење и пешачењето победи! Всушност, утврдено е дека движењето, дури и во толку кратко шетање ќе ви го зголеми нивото на енергија во следните два часа! Се разбира, чоколадо веднаш ја зголемува енергијата, но по еден час енергетското ниво значително паѓа.
4. Водете љубов, прегрнете, љубете: Ако сте дома со вашиот партнер и ви треба брз прилив на енергија сексот ќе заврши работа! За време на сексуален однос се ослободува „коктел на хормони на среќата“. Мастурбација исто така предизвикува сличен ефект, па дури и самата помисла на секс ја стимулира циркулацијата на крвта и ги стимулира центрите за задоволство во мозокот. Дури и само еден бакнеж, прегратка од лице кое во е драго може многу да влијае на расположението и да ви го зголеми ентузијазамот!
Овие мали трикови веднаш ќе ви помогнат да се расположите.
1. Носете алишта во светли
_original.jpg)


