Десерт кој освежува: Торта од слатка павлака и малини

Оваа торта од крем павлака и малини ќе ве освои на првото залче, а не се пече, ниту филува со часови.Потребно ви е:
– 5 мали кисели павлаки
– 250g шеќер во прав
– Плазма бисквити
– 250g свежи малини или 2 пакетчиња замрзнати
– 400 ml слатка павлака

Подготовка:

Изматете ја киселата павлака со шеќерот во прав.
Во калап наредете ред од пишкотите, премачкајте со половина изматената кисела павлака, па наредете и половина од малините.
Потоа повторете ја постапката со пишкоти и преостанатиот фил од кисела павлака.  Доставете ги и малините, но може да оставите и една шолја за декорација.
Филувајте со 400ml матена слатка павлака и ставете ја тортата да се излади неколку часа.
На крајот чашката малини кои ги одвоивте само истурете ги непрецизно одозгора.
Не бидете изненадени ако сите ви побараат рецепт уште на првиот залак.Потребно ви е:
– 5 мали кисели павлаки

Пронајдете не на следниве мрежи: