Откако бомба била фрлена врз еден ресторан во познатото кениско летувалиште Дијани рано утринава, повредени се десет лица.- Експлозијата се случила во бар и има десетина повредени, изјави шефот на локалната полиција Џек Екакуро.
Извори од полицијата изјавија дека напаѓачите биле на мотоцикл и избегале по нападот, за кој досега никој не презеде одговорност.
Откако во октомври 2011 година кениски војници навлегоа во јужниот дел на Сомалија за да и помогнат на соседната земја да се ослободи од бунтовниците, во Кенија се извршени серија напади.
Во Кенија е активна сомалиската група Ал Шабаб, која е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда. Групата денеска презеде одговорност за синоќешниот троен напад пред хотел во сомалискиот главен град Могадишу, при што загинаа најмалку 11 лица.
– Експлозијата се случила во бар и има десетина повредени, изјави шефот на локалната полиција Џек Екакуро.
Извори од полицијата изјавија де