– Се свртев и видов девојче кое не беше постаро од десет години како ги држи рацете на очите. Ја прашав дали е добро и дали врескаше. Таа тогаш ги спушти рацете и ги отвори очите кои беа потполно црни, изјави жената која го видела детето со демонски изглед во една шума во Велика Британија.Имено, ова сениште неодамна се појави во Велика Британија по повеќе од 30 години.
Станува збор за девојче кое последен пат е видено во раните осумдесетти години од минатиот век. Девојчето изгледа застрашувачки бидејќи очите му се потполно црни, практично нема зеници, ниту белка.
Ова девојче наводно било видено од една жена од Стафордшир. Со овој феномен се позанимава и Ли Брикли, кој е автор на бројни книги за паранормални појави.
Жената била во шумата Кенок Чејс, кога одеднаш слушнала вресоци. Таа потрчала кон местото од кое доаѓаше звукот. Кога застанала да земе здив, видела шокирачки призор.
– Видов девојче чии очи беа потполно црни. За момент се стаписав, но успеав да се приберам, раскажува жената.
Таа додала дека потоа ја зграпчила ќерката и избегале, но кога погледнала во правецот во кој стоело девојчето, тоа повеќе не било таму.
Истражувачот на паранормални феномени вели дека слушнал слична приказна и од неговата роднина. Таа во 1982 година во истата шума видела девојче со црни очи.
– Некои луѓе веруваат дека станува збор за легенда, други мислат дека тоа можеби се вампири или духови. Забележано е дека децата со црни очи се појавуваат ширум светот. Сепак, само ова девојче од Ченок Чејс се појавува и дење, рече Ли.
Тој додаде дека во Америка се забележани случаи на деца со црни очи кои одат во групи, чукаат на вратите на непознати луѓе и прашуваат „дали може да влезат внатре“.
Имено, ова сениште неодамна се појави во Велика Британија по повеќе од 30 години.
Станува збор за девојче кое последен пат е видено во рани