Детската градинка во Берово го одбележа 4 децениското постоење

По повод 4 децениското постоење на ОЈУДГ „23ти август“ од Берово, во Бизнис инкубаторот во Берово се одржа свеченост со богата културно – уметничка програма во која учество зедоа дечињата од оваа детска установа.Програмата беше отворена со излагањето на директорката Фимка Ковчегарска која истакна дека ова е доста значаен јубилеј за установата која е формирана и отпочна со работа во далечната 1976 година и е место каде се обезбедува згрижување, воспитно-образовна работа, нега, исхрана, превентивна заштита, забава и игра за децата од 9 месеци до 6 годишна возраст.
Целокупната работа на детската градинка е добронамерна и насочена кон барање на нови идеи што се преточуваат во секојдневни проектни активности и сопствени и меѓународни проекти.
Градоначалникот на општина Берово Драги Наџински ја истакна својата заложба и приоритетот кој го воведе во работењето на ЕЛС Општина Берово за постојано унапредување на образованието со што инвестициите во образованието во последните неколку години се особено забележителни бидејќи општината вложува голем труд во унапредувањето на воспитно – образовната компонента не само на основните и средното училиште туку и во предучилишното образование.
Градоначалникот истакна дека и понатаму ќе се продолжи со инвестирањето во оваа институција за да се создадат вредности кај нашите деца со кои ќе се гордееме и ќе создадеме воспитани и образовани граѓани од мали нозе. Богатата програма вклучи рецитали, песнички, ора и танци преточени со незаборавната инвентивност и изразите на веселите детски лица кои ги изведуваа.
По завршувањето на програмата во Бизнис инкубаторот, во холот на детската градинка во Берово беше презентирана публикацијата „Четиридеценискиот развиток и творештвото на детската градинка 23-ти август (1976-2016)“, каде свое обраќање имаа директорката, а воедно и автор на публикацијата Фимка Ковчегарска, како и рецензентката проф.д-р Јелица Николовска.Програмата беше отворена со излагањето на директорката Фимка Ковчегарска која истакна дека ова е доста значаен јубилеј за установата која е формира

Пронајдете не на следниве мрежи: